Македонија
Забрането движење и на Водно во наредните 10 дена
Љубителите на природа во наредните десет дена ќе немаат многу можност да рекреираат на планината Водно, едно од омилените и најпосетуваните излетнички места во околината на Скопје.
Љубителите на природа во наредните десет дена ќе немаат многу можност да рекреираат на планината Водно, едно од омилените и најпосетуваните излетнички места во околината на Скопје.Градските власти вчера испратија соопштение преку кое ги информира граѓаните дека од утре се воведува забрана за движење во рамките на парк-шумата „Водно“ во периодот од 17 до 07 часот.Забраната е во согласност со Одлуката на Владата за целосна забрана за движење во шумите и шумските појаси на целата територија на Македонија, освен за вработените во претпријатијата што вршат сеча.Целта на забраната е да се спречи појавата на пожари поради топлотниот бран што ја зафати нашата земја.Во согласност со забраната, Градот Скопје информира дека и жичницата што води од Средно Водно до Милениумскиот крст нема да биде достапна за граѓаните, во истиот период, од 17 до 07 часот.Забраната за движење во парк-шумата „Водно“ во наведеното време ќе трае до 3 септември.Претходно министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски соопшти дека се воведува забрана за движење низ сите шуми во државата од 17 часот до 7 наутро„Движењето во шумите ќе биде дозволено исклучиво на вработените во претпријатијата кои што вршат сеча на шумите, и тоа во период од 7 до 17 часот. МВР, Шумската полиција и армијата се задолжуваат да вршат 24 контролирање и легитимирање во шумските предели во следните десет дена“, рече Димовски. Според прогнозите на УХРМ во наредните неколку дена се очекуваат високи температури поради што е зголемена опасноста од појавата на шумски пожари. ./крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.

