Македонија
Делавекурас: Скопје систематски води негативна пропаганда против Грција

Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас ја обвини Македонија за водење негативна кампања против Грција, што според него негативно влијае на добрососедските односи, како еден од условите за натамошна евроатланска интеграција на земјата.
Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас ја обвини Македонија за водење негативна кампања против Грција, што според него негативно влијае на добрососедските односи, како еден од условите за натамошна евроатланска интеграција на земјата.
Во интервју за радио „ВИМА“, Делавекурас целокупната одговорност за надминување на спорот со името и деблокада на интеграцијата во ЕУ и НАТО ја препишува на премиерот Никола Груевски.
„Решението може да дојде веднаш, ако Владата на господинот Груевски конечно одлучи да ја откочи европската иднина на земјата, која во моментов води политика насочена против Грција. Систематски имаме негативната пропаганда против Грција, која ја спречува соработка меѓу двете земји. Ние веруваме дека за доброто на двете земји е да имаат добрососедски односи, а тоа е предуслов за поранешна југословенска Република Македонија да стане членка на Европската унија и НАТО. Но, одговорноста јасно му припаѓа и на господинот Груевски. Ако господинот Груевски одлучи дека е дојдено времето во Скопје да направи чекор што го заслужува, тоа можеме да го постигнеме преку решение што ќе биде име со географска одредница за севкупна употреба“, вели Делавекурас.
Тој, исто така, во интервјуто го критикува поставувањето на споменици во центарот на Скопје, кое, како што вели, ги надминало сите граници. /крај/mfa.gr/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Граната извадена од езерото кај Пештани

Граната била извадена пред два дена од водите на Охридското Езеро, на плажа во Пештани.
Полицијата од Охрид утроово соопшти дека локацијата била обезбедена, по што гранатата безбедно е подигната за понатамошна постапка.
Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.