Македонија
Пожарот во атарот на Еловец ставен под контрола, се гаси кај Мокрени
Пожарот во атарот на велешкото село Еловец е ставен под контрола, а канадерите на Дирекцијата за справување со кризи гаснат во атарот на селото Мокрени.
Пожарот во атарот на велешкото село Еловец е ставен под контрола, а канадерите на Дирекцијата за справување со кризи гаснат во атарот на селото Мокрени. Пожар беснее и во месноста Орешка чука, но гаснењето на овој пожар ќе започне штом канадерите го угаснат пожарот околу Мокрени.Трите пожари кои избувнаа вчера во атарот на општина Чашка, во селата Еловец, Мокрени и месноста Орешка Чука, биле предизвикани од човечки факторПротивпожарната единица од Велес, вработените во ЈКП Тополка, членовите на доброволното противпожарно друштво Бабуна и жителите од опожарениот регион 15 часа се бореа со огнот. Најкритично беше во селата Еловец и Горна Чашка. Таму огнените јазли стигнаа до првите населени куќи. Брзата интервенција на Дирекцијата за справување на кризи спречи катастрофа во атарот на општина Чашка. Огенените јазици нестигнаа до куќите во селата Еловец и Горна Чашка благодарение не двата авиони за гаснење на пожари. /крај/дк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.

