Македонија
ССНМ: Газдите ги купуваат медиумите за да ги уништат
Одлуката да се затворат „Форум“, „Лајф-магазин“ и неизвесната судбина на „Макфакс“ испраќа уште една сериозна порака: дека никој не е недопирлив и сигурен и го отвора прашањето дали новопечените „газди“ ги купуваат медиумите за да ги уништат криејќи се зад профитот како аргумент
Одлуката да се затворат „Форум“, „Лајф-магазин“ и неизвесната судбина на „Макфакс“ испраќа уште една сериозна порака: дека никој не е недопирлив и сигурен и го отвора прашањето дали новопечените „газди“ ги купуваат медиумите за да ги уништат криејќи се зад профитот како аргумент, соопштија од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.ССНМ изрази длабоко жалење заради одлуката на компанијата „Сеавус груп“ за затворање на своите три периодични изданија неделникот „Форум“, „Лајф-магазин“ и „Фри тајм гајд“ како и за неизвесноста со која се соочуваат вработените во агенцијата Макфакс .„Не оспорувајќи го неприкосновеното право на капиталот да отвора или затвора претпријатија сепак не можеме а да не забележиме дека и во овој случај е потврдено правилото за недостаток на општествена одговорност односно за немање свест за значењето на медиумите од страна на оние кои решаваат за нивната судбина. Медиумите се општествена придобивка и имаат јавна функција, а сопствениците само стопанисуваат со нив. Kомоцијата во донесувањето на одлуката да се „убијат“ медиуми без каква и да е претходна најава иако Законот бара најрано еден месец вработените да бидат известени за одлуките кои ги засегаат, говори за непостоење на елементарно почитување како на вработените кои преку ноќ остануваат без работа, така и на јавноста која останува ускратена за производ кој нема само употребна вредност и не може да се мери само преку критериумите за профит и загуба“, соопштуваат од ССНМ. ССНМ ги повика сопствениците на медиумите јавно да ја аргументираат својата одлука, а колегите да се придружат и да не чекаат пасивно под превезот на „регулирање на пазарот“, истребување на професионалното новинарство./крај
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.