Македонија
Криминалци од Македонија, Бугарија и Србија „испрале“ 22 милиони евра
Македонци, Срби и Бугари здружени во меѓународна криминална група четири години переле пари, затајувале данок, ја злоупотребувале службената положба и испрале 22 милиони евра.
Македонци, Срби и Бугари здружени во меѓународна криминална група четири години переле пари, затајувале данок, ја злоупотребувале службената положба и испрале 22 милиони евра.
Во акцијата под оперативно име „Ариел“ приведени се десет лица, а по уште 11 се трага.
Дел од Македонците во 2007 година организирале криминална група која до 2010 година, организирано носела бугарски државјани на кои им исплаќале пари, за во нивно име да основаат правни лица, фирми, во кои Бугарите биле запишувани како основачи и управители.
По основањето на друштвата, бугарските државјани целата документација од основањето им ја предавале на организаторите на криминалната група.
„Вака основаните друштва, организаторите на криминалната група ги користеле единствено за издавање лажни фактури на друштва корисници на лажните фактури од кои обезбедувале прилив на парични средства на сметките на вака основаните друштва, кои потоа ги подигале како готовина и истата за определен договорен надомест (од околу 5% до 10% од износот на подигнатата готовина) ја предавале на рака на одговорните лица во друштвата корисници на лажните фактури“ соопштуваат од МВР.
Членовите на криминалната група со издавањето на лажни фактури им овозможиле на друштвата корисници на лажните фактури да ја легализираат стоката набавена без документи, а воедно им овозможиле да извршат пребивање на влезниот ДДВ пресметан во лажните фактури со нивниот излезен ДДВ и неосновано да се стекнат со готовина.
Во рамките на акцијата приведени се 10 Македонци и предадени се во Основен суд Скопје 1./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

