Македонија
Попоски: Датум за преговори со временска рамка за решавање на името
Македонија да ги почне пристапните преговори со Европската Унија, а во раната фаза од нив да биде одредена временска рамка за надминување на спорот со името, побара шефот на дипломатијата Никола Попоски.
Македонија да ги почне пристапните преговори со Европската Унија, а во раната фаза од нив да биде одредена временска рамка за надминување на спорот со името, побара шефот на дипломатијата Никола Попоски.
Во настапот пред членовите на Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент, Попоски рече дека Македонија плаќа висока цена поради застојот во европската и евро-атланската интеграција, нарекувајќи ја неодржлива и штетна статус-кво ситуација. Отпочнувањето на пристапните преговори, според Попоски позитивно ќе влијае и за затворање на дводеценискиот спор за името.
„Ова не е време за поставување пречки за нашата европска и евроатланска иднина. Она што ни треба сега е нов фокус и нов конструктивен пристап. Воспоставувањето на механизам на индикативна временска рамка за постигнување на взаемно прифатливо решение за време на почетната фаза од пристапните преговори ќе иницира позитивен развој во процесот воден од Обединетите Нации. Освен тоа, одлука во овие рамки позитивно ќе влијае врз динамиката на реформи и меѓуетничката и меѓуверската кохезија во Македонија, како и на регионалната стабилност“, рече Попоски пред европратениците.
Дополнително, шефот на македонската дипломатија посочи дека досегашна пракса покажала дека отворањето на пристапни преговори може позитивно да влијае во надминувањето на билатерални проблеми, споменувајќи го примерот со хрватско-словенечкиот спор. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.

