Контакт

Македонија

Полицаец сведок за случајот со Нешковски не го препознава Спасов

Објавено пред

Полицаец кој вечерта бил на плоштадот „Македонија“ за време на славењето на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и убиството на младиот Мартин Нешковски вели дека не може да препознае дали обвинетиот за

dobivaj vesti na viber

Полицаец кој вечерта бил на плоштадот „Македонија“ за време на славењето на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и убиството на младиот Мартин Нешковски вели дека не може да препознае дали обвинетиот за убиството Игор Спасов бил истиот негов колега кој што му рекол да го смири Нешковски, кој сакал да се качи на бината за време на говорот на премиерот.

Иако разговарал со колегата, кој му се претставил дека работи како обезбедување на премиерот, сепак вели дека и по неколку дена кога го виканале на препознавање во полициската станица „Гази Баба“, ниту сега не може да го препознае колегата.

Обвинителството го праша сведокот зошто додека даваше исказ пред судот и додека зборуваше за колегата од обезбедувањето со раката покакажа кон обвинетиот Игор Спасов, а сепак сега не може да го препознае.

Сведокот само одговори дека лицето кое му се претставило како обезбедување на премиерот бил кратко потсрижен и крупен со тетоважа на раката. Полицаецот, вработен во МВР во дежурниот центар за состојби, како експедитор, Перо Колевски, вели дека на плоштадот бил ангажиран во 23:30 часот со уште еден негов колега кој се јавува исто така како сведок во случајот, по наредба на полициската станица „Беко“.

Во мометот кога биле кај бината каде што премиерот држел говор, две лица кои се претставиле како обезбедување на премиерот им рекле да смират некое момче кое правело проблеми и сакало да се качи на бината.

Колевски му се обратил на момчето и му рекол да се оддалечи за да не го приведат во станица. Според неговото сведочење, момчето после тоа се смирило и не било агресивно, но во еден момент почнало да трча кон Камениот мост.

Еден од обезбедувачите на премиерот почнал да трча по него и му се изгубиле од видикот. Кога група луѓе почнале да викаат „полиција“, полиција“, Колевски и неговиот колега заминале таму и го виделе момчето полулегнато на клупа со затворени очи и во бессознание, но на него немал никакви видливи повреди.

Обезбедувачот на премиерот со уште едно лице кое сведокот не го познавал, му пружале помош.  Му проверувале пулс на момчето, едниот па другиот и рекле дека ќе биде добро. Рекле дека на момчето му се слошило и паднало.

Двајца полицајци не извршиле анкетирање на лицата кои биле на местото, бидејќи момчето немало видливи повреди и кога гласно ги прашале присутните што се случило, никој ништо не одговорил.

Неговиот колега повикал Брза помош и им рекол на колегите да го преместат момчето на тревникот кај зградата на МЕПСО. Обезбедувачот на премиерот во меѓувреме заминал, а на тревникот кај МЕПСО дошле уште двајца полицајци од полициската станица „Центар“ и инспектор за крвни деликти.

Според исказот на сведокот, Брзата помош дошла дури по половина час, му дале инјекција на момчето и констатирале смрт. Докторката рекла дека „може да се работи за наркоман“ .

Застапниците на семејството на Мартин Нешковски велат дека полицајците вечерта не си ја вршеле работата за којашто се платени – да го обезбедуваат јавниот ред и мир.

„Не може полицајци во униформа кои се таму ангажирани да го обезбедуваат јавниот ред и мир, да бидат неми набљудувачи.  Се знае постапката, се врши полициксо дејствие легитимирање, анкета, се обезбедуваат луѓе, се обезбедува простор, се обезбедуваат траги. Овде не само што тоа не е сторено, туку се уништени сите траги и е отежната натамошната истрага“, изјави адвокатот Сашо Дуковски.

Адвокатот на обвинетиот вели дека сé уште од МВР не добиле одговор на барањето на дозвола за оддавање службена тајна.

Денска пред судот сведочеше и вработената во штандот за пекарски производи „Форнети“, која кажа дека видела дека двајца „се бркаат“, но не виделе кои се затоа што била сама на штандот и имала работа. Тевче Димитриевски кој работел како обезбедување на манифестацијата „Баскер фест“ рече дека неговиот колега му кажал дека момче починало и дека наводно го претепал некој полицаец, но не видел ништо.

Петнаесетина минути пред два часот по полноќ, заедно со колегата отишле на паркингот пред МЕПСО и го виделе момчето седнато на трупче.

Судењето продлжува во петок, со испрашување на нови сведоци. Дуковски вели дека ќе предложат свои сведоци, кои претходно се плашеле да сведочат и кои добивале закани. /крај/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Објавено пред

Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.

dobivaj vesti na viber

„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.

Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.

Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави  лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

dobivaj vesti na viber

Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.

„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.

Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат

Објавено пред

Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи

dobivaj vesti na viber

Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.

„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската...

Македонија10 часа

ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат

Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува...

Македонија13 часа

Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“. Беше констатирано...

Македонија14 часа

Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа

Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан...

Македонија15 часа

Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки....

Македонија15 часа

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање што зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100-те дена техничка Влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од сегашната Влада,...

Македонија16 часа

(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека она што го најавив пред сто дена и го спроведов

Претседателот на Владата, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека се обврзал пред граѓаните оти ќе овозможи слободно изразување на...

Македонија18 часа

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје19 часа

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа21 час

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет21 час

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет21 час

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...

Македонија1 ден

Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори,...

Македонија1 ден

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија2 дена

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија2 дена

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија2 дена

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија2 дена

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија2 дена

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...