Македонија
Случај Нешкоски: Спасов тврди дека е невин, мајката на Мартин го бара убиецот
Три часа во Основниот суд 1 во Скопје во судницата 18 беа изнесувани завршните зборови за случајот Нешкоски. За убиство му се суди на Игор Спасов полициски специјалец кој според обвинението на 5-ти јуни до смрт го истепал скопјанецот Мартин Нешкоски.
Три часа во Основниот суд 1 во Скопје во судницата 18 беа изнесувани завршните зборови за случајот Нешкоски. За убиство му се суди на Игор Спасов полициски специјалец кој според обвинението на 5-ти јуни до смрт го истепал скопјанецот Мартин Нешкоски. Обвинителката раскажувајќи го целиот судски процес во детали појасни што направил Мартин критичната вечер и како Спасов реагирал на неговото однесување. Според обвинителот, иако Нешкоски покажал агресивно однесување, сепак не бил никаква закана ниту за Спасов ниту за оние кои ја прославувале победата на ВМРО – ДПМНЕ. Немало причина Спасов да го брка и свирепо да го натепа по што по полноќ Нешкоски починал. Вистинска драма во судницата предизвика завршниот збор на обвинетиот Спасов. “Не сум убиец. Со чисто срце можам да кажам дека не сум убиецот на Мартин”. Тогаш реагираше мајката на починатото момче: ”Кажи кој е, кажи”, велеше таа, но Спасов не одговори. Тој само појасни дека Мартин можеби во главата бил удрен, но не од него, туку некој друг. Спасов тврдеше дека само го повлекол Нешкоски за грбот кој пак се сопнал од кабли и паднал. Спасов тврди дека вечерта бил на работна задача, но неговите колеги сведочеа дека сите сами доброволно и спонтано се собрале на Плоштад. Спасов потенцира дека не им се лути ,оти тие имаат семејства кои мора да ги штитат. “Ако ви треба обвинет тука сум стојам пред вас, но ако барате виновник не гледајте во мене”.
Спасов денеска за прв пат се појави во судница избричан без брада и коса. Токму брадата ги зуни многумина од сведоците дали кога требаше да посочат дали обвинетиот е тој што го тепал Мартин. Оние кои беа околу него во судницата коментираа дека Спасов има тетратка полна со белешки на која главен лик е херој од турска серија Полат Аленадар.
Неговиот адвокат побара ослободителна пресуда, обвинителот и роднините на Мартин осудителна. Судот конечната одлука ќе ја соопшти седум дена. крај.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби
ВМРО-ДПМНЕ апсолутно го разбира и оправдува револтот на граѓаните по одлуката на правосудните органи за куќен притвор на криминалецот Артан Груби.
Ги поздравувавме и Владините институции кои си ја завршија работата и го доведоа пред лицето на правдата, криминалецот Груби кој избега пред година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната Лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Очекуваме, додава тој, одлуката на судот да биде во заштита на правдата, а не соучесник во неправдата.
„Но, она коешто е уште поважно е дека СДС, партијата која соработуваше и молчеше кога Груби правеше криминал, се исплаши до срж, затоа што не знаат што се Груби може да каже. Дали имаат страв дека неговиот исказ ќе оди до поранешен претседател на СДС и премиер на Македонија? Затоа ли вртеа по телефони интересирајќи се за исказот на Груби? Кого може Груби да повлече со него, дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ и други“.
Вистината е една и единствена, вели тој и додава дека Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите, како што истакнува, заедно ќе се соочат со правдата и ќе одговараат.
„Затоа е и паниката и нервозата во редовите на СДС, стравот од одговорност им влегол длабоко во коски.
Судскиот процес за Груби, екс вицепремиерот и министер во владата на СДС, почнува допрва, по судските клупи друштво ќе му прават и сите негови криминогени ортаци. Правда ќе има“.
Македонија
Кривична за прилепчанец поради сомнеж дека фалсификувал свидетелство за да полага за возачка
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.А. (49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, информираат од МВР.
Според билтенот, во септември 2025 година пријавениот изработил лажна исправа – свидетелство на негово име, наводно издадено од основно училиште за завршено осмо одделение.
Како што наведуваат од МВР, тој имал намера документот да го употреби за пријавување во авто школа за полагање на возачки испит, иако имал завршено четврто одделение.
Македонија
Перински во посета на Општина Куманово во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“
Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински денес ја посети Општина Куманово, при што оствари работна средба со градоначалникот Максим Димитриевски и членовите на Советот.
На средбата се разговараше за повеќе прашања од значење за граѓаните и за понатамошниот развој на општината, со посебен акцент на конкретни решенија, подобра координација и поефикасно искористување на расположливите механизми за поддршка.
Перински ги информираше присутните и за динамиката на активностите на Министерството во наредниот период, при што беше нагласен јасниот фокус на институцијата – зајакнување на локалните капацитети, поддршка на развојни проекти, создавање на услови за поттикнување на меѓуопштинска соработка и подобрување на услугите за граѓаните.
Во рамки на посетата беше посочено дека од минатата недела се активни двата јавни повика на министерството, наменети за проекти што придонесуваат кон рамномерниот регионален развој — преку Програмата за намалување на диспаритетите и Програмата за рамномерен регионален развој. За оваа намена се издвоени вкупно 223.423.000 денари. „Ги охрабрувам сите општини активно да ги искористат овие повици и да аплицираат со квалитетни предлог-проекти“, порача Перински.
При посета на општината се изврши и увид во проектот „Урбано зеленило за здраво дишење“, кој се реализира во рамки на првиот повик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) со Бугарија, во рамки на Приоритет 1: Позелен пограничен регион.
Проектот е насочен кон унапредување на квалитетот на животот и здравјето на граѓаните во прекуграничниот регион Ќустендил – Куманово преку развој на зелена инфраструктура.
„Да ги зголемиме зелените површини во градов, со цел почиста животна средина, со акцент на подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, со примена на една од долгорочните мерки за намалување на загадувањето, а тоа е оззеленување и пошумување со квалитетни садници.“, нагласи градоначалникот Димитриевски.
Вкупната вредност на проектот за Куманово изнесува 343.090 евра, од кои 15% се кофинансирање од Министерството за локална самоуправа. Проектот опфаќа засадување на 510 дрвја и уредување на мали урбани градини на три кружни текови како и активности насочени кон подготовка на стратешки и „меки“ мерки за развој на зелената инфраструктура и зајакнување на капацитетите на партнерите.

