Македонија
Конкурс за изработка на лого за проектот „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“
Град Скопје, деновиве распиша конкурс за изработка на заштитен знак (лого) за проектот „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“.
Град Скопје, деновиве распиша конкурс за изработка на заштитен знак (лого) за проектот „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“. Целта на проектот е афирмација и промоција на креативниот потенцијал на град Скопје преку развивање на Креативните Индустрии (архитектура, дизајн, визуелни уметности, креативно занаетчиство, ТВ Продукција, информатички технологии, маркетинг, видео игри, изработка на програмски опреми за компјутери (софтвери), екологија, културно наследство, мода), како фактор за економскиот развој на град Скопје.Заштитниот знак за логото, односно за комплетниот визуелен идентитет, треба да биде оргинален и визуелно препознатлив. Значењето на заштитниот знак за логото, односно за комплетниот визуелен идентитет, треба да биде поврзано со темите креативност, современост и урбан стил на живот. Заштитниот знак за логото, односно за комплетниот визуелен идентитет, треба да содржи: графичко решение – дизајн и текстуален дел којшто треба да го соддржи називот СКОПЈЕ КРЕАТИВА, како и разработка на идејата за идентификување на проектот. Заштитниот знак треба да биде во формат соодветен за широка употреба, особено за употреба во печатен и промотивен материјал, како и за WEB страна.Конкурсот е наменет исклучиво за студенти или постдипломци од областа на графичкиот дизајн, применетите уметности, архитектура и сродни области, без разлика дали имаат претходно искуство во изработка на заштитни идејни решенија и градење визуелен идентитет. Избраното решение, ќе стане интелектуална сопственост на Град Скопје, така што првонаградениот автор ќе се обврзе да потпише изјава со којашто се откажува од сопствените авторски права, односно ги пренесува на Град Скопје, којшто ќе располага со истите.Избраниот труд ќе биде награден со тридневен престој во Лондон од 15- 23 септември 2012, за време на Фестивалот за дизајн. Наградата ја обезбедува Британски совет. Авторот на избраниот труд потпишува изјава за оргиналноста на избраното идејно решение и во случај на спор самостојно ги сноси сите материјални импликации.Град Скопје го задржуваат правото на авторот на избраниот труд да му предложи измена и доработка на идејното решение. Бројот на трудови со којшто може да се конкурира не е ограничен. Материјалите доставени на Конкурсот не се враќаат.Трудовите може да се испратат на е-мail адреса: [email protected], или по пошта на адреса: Град Скопје, Сектор за јавни дејности – Одделение за култура, Бул. „Илинден“ б.б, Скопје, насловено со „Конкурс за лого за проектот СКОПЈЕ КРЕАТИВА “. Конкурсот ќе трае до 16.02.2012 година. Резултатите од Конкурсот ќе бидат јавно објавени на web страната на Град Скопје: www.skopje.gov.mk во март 2012 година. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци, правда ќе има
Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 посто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7 годишна агонија на правосудните органи кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС-ДУИ и серија неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан Груби ќе одговара, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Извршната власт во овој случај има обврска да го обезбеди бегалецот пред органите на правдата и тоа МВР го направи.
Што се однесува до лицемерието на СДС тоа се гледа и во фактот што до вчера велеа дека власта го пуштила да избега, а од денес велат дека е договорено неговото обезбедување пред органите на прогонот. Вистината е дека Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе одговараат. Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци. Правда ќе има“.
Македонија
Дефокус не го полни фрижидерот, потребна е 600 евра минимална плата, велат од СДСМ
Со дефокус нема да ја тргнете темата за 600 евра минимална плата. Дефокус не го полни фрижидерот, истакнуваат од СДСМ.
„Со дефокус не можете да ја тргнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари. Повеќе не можете така да поминувате. На сите им е сè јасно. План за ребаланс на буџетот и кратење на луксузот ви дадовме. Прифатете го предлог-законот, откажете се од авионот, мебелот и луксузирањето. Дајте им на работниците тоа што го заслужуваат за пристоен живот.
Џабе ви се 40% од медиумите во сопственост на Орбан – гладен стомак не можете со пропаганда да го убедите дека е сит. Луѓето живеат тешко додека вие ги полните џебовите со тендери“.
Секојдневно ја задолжувате државата за вашите тендери, ги полните своите џебови додека луѓето едвај врзуваат крај со крај, реагираат од СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ.
„Вашите црни кампањи, така наречени новинари како Латас, Ивона, Геро и „суперхероите“ како Бетмен не поминуваат повеќе. Вашите Алфа/Алта мрежи не можат да го запрат незадоволството кај народот.
Прифатете го законот заради работниците – доста беше од вашите игри.
Ќе дојде ден кога правосудството ќе биде слободно – сите ќе одговарате“.
Македонија
Поради одрон на патниот правец Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
Од 08:40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5км после Б.П. Детоил сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри, соопшти АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

