Македонија
Груевски: Грција купува време
Грција само купува време и сака да претстави дека прави многу напори да се реши проблемот со името, а Македонија да ја прикаже како тврда и непопустлива во разговорите за името, смета премеирот Никола Груевски
Грција само купува време и сака да претстави дека прави многу напори да се реши проблемот со името, а Македонија да ја прикаже како тврда и непопустлива во разговорите за името, смета премеирот Никола Груевски по последните разговори за надминување на проблемот со името на Македонија кои се одржаа пред неколку дена во Њујорк.
Тој го повика медијаторот Метју Нимиц да допатува во Скопје и Атина за се продолжат разговорите за името.
„Од информациите што ги добив беше јасно дека медијаторот Нимиц сакаше да дојде во Скопје и во Атина во текот на февруари. Тој дури и понуди два датума, мислам дека едниот беше 4 февруари, а вториот 15 февруари, но од другата страна не наиде на експанзивност. Еве јас и јавно потврдувам дека ние сме максимално подготвени и на 4 и на 15 февруари да го пречекаме, да го примиме и да разговараме или на кој било друг датум што тој ќе го одреди во комуникација со Грција. Останува да видиме дали Грција ќе се согласи да го прими бидејќи тој ако доаѓа треба да дојде во двете држави“ изјави Груевски.
Реакциите на Грција за пародијата на Вевчанскиот карневал кога Грција беше „погребана“ за премиерот се поголема пародија отколку таа во Вевчани.
Коментирајќи ја изјавата на американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер дека на Македонија и е потребна поголема храброст за решавање на проблемот со името, Груевски вели дека земјава прави се за да има поголема храбрсот, но ги повика и другите земји членки на НАТо да соберат храброст и да ја прифатат пресудата на Меѓународниот суд на правдата. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци, правда ќе има
Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 посто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7 годишна агонија на правосудните органи кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС-ДУИ и серија неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан Груби ќе одговара, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Извршната власт во овој случај има обврска да го обезбеди бегалецот пред органите на правдата и тоа МВР го направи.
Што се однесува до лицемерието на СДС тоа се гледа и во фактот што до вчера велеа дека власта го пуштила да избега, а од денес велат дека е договорено неговото обезбедување пред органите на прогонот. Вистината е дека Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе одговараат. Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци. Правда ќе има“.
Македонија
Дефокус не го полни фрижидерот, потребна е 600 евра минимална плата, велат од СДСМ
Со дефокус нема да ја тргнете темата за 600 евра минимална плата. Дефокус не го полни фрижидерот, истакнуваат од СДСМ.
„Со дефокус не можете да ја тргнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари. Повеќе не можете така да поминувате. На сите им е сè јасно. План за ребаланс на буџетот и кратење на луксузот ви дадовме. Прифатете го предлог-законот, откажете се од авионот, мебелот и луксузирањето. Дајте им на работниците тоа што го заслужуваат за пристоен живот.
Џабе ви се 40% од медиумите во сопственост на Орбан – гладен стомак не можете со пропаганда да го убедите дека е сит. Луѓето живеат тешко додека вие ги полните џебовите со тендери“.
Секојдневно ја задолжувате државата за вашите тендери, ги полните своите џебови додека луѓето едвај врзуваат крај со крај, реагираат од СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ.
„Вашите црни кампањи, така наречени новинари како Латас, Ивона, Геро и „суперхероите“ како Бетмен не поминуваат повеќе. Вашите Алфа/Алта мрежи не можат да го запрат незадоволството кај народот.
Прифатете го законот заради работниците – доста беше од вашите игри.
Ќе дојде ден кога правосудството ќе биде слободно – сите ќе одговарате“.
Македонија
Поради одрон на патниот правец Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
Од 08:40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5км после Б.П. Детоил сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри, соопшти АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

