Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот со „Маѓар Телеком“ е од времето на СДСМ
Според владејачката партија, како што се наведува во писмената реакција на изјавата од СДСМ, податокот што американскиот ФБИ и македонското обвинителство сé уште ги немаат откриените во случајот корупција,
Според владејачката партија, како што се наведува во писмената реакција на изјавата од СДСМ, податокот што американскиот ФБИ и македонското обвинителство сé уште ги немаат откриените во случајот корупција, најголемата опозициска партија се обидува да се го искористи да манипулира со јавноста.„СДСМ сака со повторување на префрлувањето на вината да создаде атмосфера во која народот ќе заборави дека во извештајот е нагласено дека подмитени се претставници на владејачката гарнитура во тоа време, а главна владејачка партија во тоа време е СДСМ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕОд владејачката партија потсетуваат дека целта на подмитувањето била да се пролонгира влегувањето на трет мобилен оператор. „Токму СДСМ беше партијата којашто четири години и покрај сите наши апели како опозиција опстоја на задржување на монополот на Телекомот. ВМРО-ДПМНЕ само што дојде на власт, во првите два месеца, објави меѓународен тендер за трет мобилен оператор и за шест месеци падна монополот на Телекомот и започна кривична постапка против три лица кои се во бегство и за кои има и меѓународна потерница“, се вели во писмата реакција. Според ВМРО-ДПМНЕ, во опозициската партија завладеала паника, бидејќи „се фатени на дело“,и тоа „од американските истражни органи“.„Според сознанијата американските истражни органи го испитувале работењето на Македонскиот Телеком во подолг период и ги истражувале сите предмети за кои во македонската и меѓународната јавност се дискутираше. И единствени случаи на криминал кои што ги утврдиле, не само македонските истражни органи, туку и американските се оние во кои што јасно се посочува дека функционери од Владата на СДСМ биле корумпирани и учествувале во криминалот со Телекомот“, се вели во реакцијата на владејачката партија, од каде повикуваат дека пресметката меѓу фракциите во редовите на социјалдемократите не може да оди на товар на ВМРО-ДПМНЕм туку да се соопштато кој евмешан во „ милионскиот криминал со Телеком“.Претходно во реплика на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски, потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, побара Јавниот обвинител да изјави дека е покрената истрага за големата афера за којашто од американскиот суд Долче Телеком беше казнет со близу сто милиони долари, обвинувајќи дека владејачката партија сака да забошоти нешто во врска со овој случај.Во 2005 и 2006 година. извршните директори тогаш вработени во Маѓар Телеком, вклучувајќи го и претседателот и извршен директор, организирале, одобриле, реализирале план за поткуп на владини претставници во Република Македонија со цел да се одложи или да се спречи влгувањето на нов конкурент на Маѓар Телеком. Во информацијата што пред извесно време ја пренесе AFP повикувајќи се на американскот министерство за правда, беше наведена тужбата на Американската комисија за Хартии во вредност испратена до Окружниот суд на САД во Њујорк,дека „Маѓар Телеком“, преку нејзините подружници во Македонија, исплатила од 4.875.000 евра во текот на 2005 и 2006 година на посредник под маската наводни „консултации“ и „маркетинг“ договори за кои немало никаква легитимна бизнис логика, а којашто ја цитираше Бичиклиски на прес-конференцијата во саботата./крајј/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Градоначалникот Георгиевски на увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Текија, општина Илинден
Увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден. Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време, соопшти општина Илинден.
Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови.
Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места, се наведува во соопштението.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.