Македонија
Избирачите неодлучни за партија, ВМРО-ДПМНЕ уште во голема предност
Избирачите во Република Македонија во најголем процент не знаат или уште не се одлучиле за која партија, но во сите шест категории од испитувањето на јавното мнение што во петокот го објави Институтот Павел Шатев
Избирачите во Република Македонија во најголем процент не знаат или уште не се одлучиле за која партија, но во сите шест категории од испитувањето на јавното мнение што во петокот го објави Институтот Павел Шатев, владејачката партија ВМРО_ДПМНЕ има значителна предност пред најголемата опозициска партија СДСМ.Највисок рејтинг во истражувањето спроведено меѓу 12-ти и 15-ти март годинава, и натаму има владејачката ВМРО-ДПМНЕ, по која следуваат СДСМ, ДУИ, ДПА и НДП.На прашањето „доколку утре има парламентарни избори, за која партија ќе гласате“, 23,9 отсто од испитаниците се изјасниле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 13,9 отсто од испитаниците се определиле за СДСМ, владејачката партија од албанскиот кампус ДУИ има доверба од 6.8 отсто, а опозициските парламентарни албански партии ДПА и НДП имаат доверба од 3,9 и 1,2 проценти. Вонпарламентарните Либерал-демократската партија (ЛДП), ВМРО-Народна партија и Обединети за Македонија имаат рејтинзи од 0,8, 07, и 0,1 отсто. Но висок е процентот – 14,9 отсто од испитаниците кои се изјасниле дека нема да гласаат за ниедна политичка партија, за друга би гласале 2,5 отсто а со „не знам“ или немале одговор дури 31,3 отсто од избирачите. Висок е, исто така, процентот на македонските избирачи коишто немаат доверба во ниту е еден домашен политичар – 28,1 отсто, вкупно 9 проценти се изјасниле за други политичари, а без одговор на прашањето „На кој политичар најмногу му верувате?“, останале 16.7 отсто од анкетираните. Премиерот Никола Груевски како челник на владејачката ВМРО-ДПМНЕ се уште има највисок рејтинг меѓу македонските политичари – чисти 24 отсто. Лидерот на СДСМ, поранешниот премиер и претседател Бранко Црвенковски речиси е со трипати помал рејтинг од 8,6 отсто, додека неговата сопартијка Радмила Шеќеринска има рејтинг од 2,3 проценти. Пред поранешната лидерка на социјалдемократите, според довербата кај избирачите се лидерот на ДУИ, Али Ахмети со 6,5 отсто, претседателот на ДПА, Мендух Тачи со 3,6 отсто, а зад Шеќеринска е претседателот на НДП и градоначалник на Гостивар Руфи Османи со рејтинг од 1,2 отсто. Не знаат или не дале одговор на прашањето „Која партија ќе победи на локалните избори?“ идната година, дека ниедна нема да победи (?!) рекле 3,2 отсто а вкупно 1,1 проценти од испитаниците навеле други партии. Во оваа сфера ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојна предност преде СДСМ, односно 32,4 отсто од прашаните сметаат дека таа ќе биде победник на следните локални избори, наспроти 15,1 отсто коишто се изјасниле во полза на најголемата опозициска партија. ДУИ како победник на локалните избори во 2013 година ја гледаат 8,3, ДПА – 3,1 а НДП – 0.4 отсто од избирачите. Учесниците во испитувањето на јавното мнение на Институтот „Павел Шатев“ биле прашани „Доколку мора да изберат една партија, за која би се решиле“. На ова со не знам или воопшто не одговориле 35,1 отсто од испитаниците, за ВМРО-ДПМНЕ би се определиле 30,3, за СДСМ 15,8, за ДУИ 9,3, за ДПА 6,2 а за НПД 3,1 отсто од избирачите. Македонските избирачи имаат огромна перцепција дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ има подобра политичка програма, односно така одговориле 49 отсто испитаници на прашањето „Која партија има подобра програма?“. Програмата на СДСМ, пак, ја преферираат 23 отсто додека нерешителни по ова прашање се 28 од анкетираните. ВМРО-ДПМНЕ е надмоќна и во поглед на прашањето „Која партија има подобра организација?“, со дури 56 отсто, додека 22,8 отсто од испитаниците сметаат дека СДСМ е подобро организирана, а не одговориле 21,1 отсто. Резултатите од анкетата коишто подлежат на статистичка грешка од плус/минус 3 отсто во споменатиот период телефонски е спроведена врз репрезентативен примерок од илјада испитаници. Во истражувањето спроведено на ниво на целата територија на Република Македонија, пропорционално биле опфатени сите шест изборни единици, со вклучување и на други релевантни демографски карактеристики на населението како пол, возраст, образование и етничка припадност. Дополнителна поделба била направена и според местото на живеење./крај/ипв/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Жерновски со претставка до Судскиот совет за изјавите на Митева за незавршена судска постапка
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, поднесува претставка до Судскиот совет поради изнесните информации од страна на портпаролката на Владата на Мицкоски, Марија Митева, во кои таа јавно соопштува исход од судска постапка која сè уште е во тек, информираат од СДСМ.
„Признавањето како истата поседува информации дека „жалбата против претседателката е одбиена како неоснована“ е крајно сериозно и скандалозно, бидејќи второстепена одлука (од Виш управен суд) сѐ уште не е донесена. Понатаму, преку соопштение, во нов обид да манипулира со јавноста, повторно изнесе податоци поврзани со исходот од сѐ уште незавршената судска постапка, со што направи долнителен прекршок“, вели во својата објава на социјалните мрежи, Жерновски.
Притоа, Жерновски нагласува дека уште поскандалозeн е фактот дека конкретната судска постапка воопшто и не се води против Владата, туку против Претседателот на државата.
„Прашањето е едноставно, како портпарол на Владата располага со информации за тековен судски процес во кој не се јавува како странка во постапка? Како истата располага со информации дека воопшто е донесена првостепена одлука, дека има жалба и дека истата е неоснована, во услови кога воопшто не е донесена второстепена одлука? Ова не се „гласини кои кружат во јавноста“. Тоа може да биде единствено информација добиена директно од самиот суд“, вели Жерновски.
Тој додаде дека на овој начин се потврдува влијанието и недозволивото мешање на извршната во судската власт, спротивно на уставните принципи на владеење на правото и поделба на власта.
Поради сериозноста на ситуацијата, поднесувам претставка до Судскиот совет. Политичка и судска одговорност за овој скандал мора да има. И ќе има“, посочи Жерновски.
Македонија
Андоновски на средба со амбасадорката на САД, Варнс: Потврдена соработката со САД во делот на сајбер-заштитата
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари средба со Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадорка на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена силната стратешка соработка меѓу двете земји.
Андоновски изрази благодарност до амбасадорката Варнс за континуираната поддршка од САД во процесите на модернизација на институциите и јакнење на сајбер-безбедноста.
Тој истакна дека стратешкиот дијалог претставува основа за унапредување на економската, трговската и стратешката соработка меѓу двете држави, при што сајбер-безбедноста и дигитализацијата се меѓу клучните столбови на овој дијалог.
“Министерството за дигитална трансформација продолжува да гради партнерства и да работи на зајакнување на националните капацитети за сајбер-заштита, преку соработка со меѓународни партнери и размена на добри практики“.
Македонија
Почна изградбата на водовод и атмосферска канализација во Ласкарце – инвестиција од 85 милиони денари
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на водоводната мрежа и атмосферската канализација за жителите на селото Ласкарце во општина Сарај.
„Правиме пресврт во начинот на кој ја третираме состојбата на терен. Целта е трајно да ги решиме инфраструктурните проблеми“, изјави Хоџа.
Инвестицијата во Ласкарце за изградба на водоводната мрежа и атмосферската канализација изнесува 85 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, и претставува дел од поширок пакет проекти со кои систематски се решаваат долгогодишните проблеми на граѓаните во општина Сарај.
Наскоро ќе започне и уредувањето на Сува Река, со што ќе се обезбеди трајно решение за намалување на ризикот од поплави во населените места на оваа општина.

