Македонија
Целите на Македонија и Црна Гора се евроатлански
Меѓусебната соработка на меѓу Македонија и Црна Гора карактеризирана со традиционално пријателските односи, беше тема на разговорот во петокот попладне меѓу премиерот Никола Груевски и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ во Скопје.
Меѓусебната соработка на меѓу Македонија и Црна Гора карактеризирана со традиционално пријателските односи, беше тема на разговорот во петокот попладне меѓу премиерот Никола Груевски и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ во Скопје.
Македонскиот премиер Никола Груевски истакна дека двете земји делат заеднички вредности и заеднички европски и евроатлански перспективи.
Во тој контекст, Груевски ги истакна активностите што Македонија ги презема во европските интеграции, при што посочи на отпочнувањето на Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Република Македонија и Европската унија.
Двајцата соговорници се осврнаа и на повеќе аспекти од доменот на економската соработка меѓу двете земји, при што беше посочено дека постои значителен простор за нивно унапредување, пред се во прехранбената, металната и дрвната индустрија, а исто така и во сферата на туризмот и воздушниот сообраќај, се наведува во соопштението од кабиентот на премиерот.
На средбата е заклучено дека Македонија и Црна Гора треба да продолжат со натамошно развивање на меѓусебните пријателски односи и соработката, како во доменот на интеграциите во ЕУ и НАТО, така и во останатите сфери./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Досега подигнати се над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти
Премиерот Христијан Мицкоски денеска исткна дека се подигнати над 45 илјади ваучери од 15.300 денари за студентите на додипломски студии за набавка на електронски уред – лаптоп, таблет или персонален компјутер. Посочи дека искористеноста е околу 99 проценти.
За ваучер од 250 евра од ноември до декември можеа да аплицираат студенти до 29 години, кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети.
– Отприлика 45.000 – 45.600 ваучери се подигнати, а околу 99 проценти и повеќе се искористени. Околу 44.5 илјади се искористени. Како Влада изминативе 20-ина месеци сме ги регулирале сите односи со сите структури од општеството на кои Владата треба да им излезе во пресрет – на студентите им се покачени стипендиите, се реновираат студентските домови и ученичките домови, се обезбедуваат 15.300 денари за електронски уреди. Дали тоа е доволно? Не. Можеби треба повеќе, но толку можеме во моментов. Порано ни тоа не било. За сите, без да ограничиме дали се студенти на државни или на приватни универзитети. Пораснаа пензиите линеарно, сега во април 7 илјади денари, нешто што досега не било овозможено, рече Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Тетово.
Премиерот нагласи дека комуникацијата на Владата со сите целни групи е на високо ниво и досега, рече, немало толку голема испорака од ниту една Влада,
-Буквално со сите целни групи со кои Владата комуницира и со кои држи релација, навистина имаме односи кои никогаш порано не биле на толку високо ниво и немало толку голема испорака со ниту една Влада. Оваа Влада тоа го направи за само 20 месеци. Дали е доволно? Не. Треба повеќе? Треба. Се сложувам, секогаш треба повеќе. Но, дали е подобро од порано? Можам да кажам дека неколку пати е подобро, рече Мицкоски.
Македонија
Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.
Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.

