Контакт

Македонија

Претставена Мрежата на здравствени услуги

Објавено пред

Во неделата министерот за здравство Никола Тодоров на прес-конференција го промовираше предлогот на долго очекуваната мрежа на здравствени услуги.

dobivaj vesti na viber

Врз основа на истражувањето спроведено од страна на Министерството за здравство, и добиените податоци определени се според основните демографски критериуми кои претставуваат основа на оваа мрежа.

Тоа се, како што кажа министерот Никола Тодоров, податоците дека е потребен еден тим за општа медицина на ниво на примарна здравствена заштита составен од еден избран лекар и една медицинска сестра на илјада жители, еден тим за стоматологија на ниво на примарна здравствена заштита составен од еден избран стоматолог и една сестра, исто така, на илјада жители. Или, пак, во секундарната здравствена заштита дека е потребен еден доктор специјалист по интерна медицина на 8.000 жители, еден специјалист по хирургија на 15 илјади жители и слично.

Појасни дека со мрежата на ниво на секундарна и терциерна здравствена заштита, се одредува за подрачјето на Република Македонија, односно по статистички региони, максималниот број специјалисти по дејности, бројот на постели по одделни дејности во болничките здравствени установи на ниво на секундарна здравствена заштита, структура на терциерната здравствена заштита како и максимален број на определени услуги на ниво на регион или на ниво на целата земја.

„При утврдувањето на критериумите, покрај основниот демографски критериум, водено е сметка и за потребите на населението од здравствени услуги, возраста, полот, социјалната структура и здравствената состојба на жителите на подрачјето за кое се определува мрежата, обезбедување на рамномерна достапност на здравствените услуги, обезбедувањето на здравствени капацитети согласно со обемот на правата од задолжителното здравствено осигурување и економската оправданост, технолошкиот и научниот развој во областа на здравствената дејност, степенот на урбанизираност на подрачјата, специфичностите на населеноста, сообраќајните поврзувања, миграциите на населението и достапноста до здравствените установи како и посебните услови на демографски загрозените подрачја“, нагласи Тодоров.

Прецизираше дека терциерната здравствена заштита, како и определени здравствени услуги коишто поради нивната специфика се централизирани во една или две установи, се утврдени на државно ниво.

„Согласно законските одредби, мрежата е поделена на мрежа на примарно ниво на здравствена заштита, мрежа на секундарно ниво на здравствена заштита и мрежа на терциерно ниво на здравствена заштита. Со мрежата на ниво на примарна здравствена заштита се одредува максималниот број на тимови од примарна здравствена заштита (општа медицина, стоматологија и гинекологија) и максимален број аптеки на ниво на општина, како и максимален број на биохемиски лаборатории на ниво на примарна здравствена заштита на ниво на статистички регион“, рече министерот Тодоров

При изработката на мрежата, инаку, користен е хрватскиот модел на мрежа, кој пота е адаптиран за македонски услови, а во нејзината изработка учествуваа лица од Министерството за здравство и експерти од Институтот за јавно здравје.

Притоа Тодоров апелираше особено до стручната јавност во земјата, темелно да го проучи документот и активно да учествуваат со сугестии и коментари. Сите коментари, а особено оние кои ќе бидат поткрепени со меѓународни студии или, пак, со компаративни податоци ќе бидат сериозно разгледани, нагласи министерот.

„Цел на министерството за здравство е да добиеме квалитетен документ кој ќе биде во функција на унапредување на здравствениот систем, а со самото тоа во функција на граѓаните, и затоа ја иницираме оваа јавна дебата“, рече Тодоров.

Мрежата на здравствени услуги е предвидена со членот 17 од Законот за здравствена заштита и таа во основа претставува мрежа на јавно финансирани здравствени установи, дејности и услуги.

Табелите коишто беа претставени пред новинарите се составен дел од мрежата, и во нив покрај демографскиот критериум, содржани се актуелниот број тимови, доктори и установи, како и максималниот број од соодветните даватели на услуги на определено подрачје.

„При определување на подрачјето на кое го разгледувавме и утврдивме максималниот број даватели на услуги, особено водевме сметка за рамномерната дистрибуција и пристапноста на здравствените услуги до граѓаните, па затоа примарната здравствена заштита е разгледувана и утврдена на ниво на општина, додека секундарната здравствена заштита е утврдена на ниво на статистички регион“, посочи Тодоров.

„Донесувањето на оваа уредба практично значи дека за да некоја установа, дејност или услуга стане дел од јавно финансираното здравство, всушност ќе треба да добие концесија за вршење на дејност во мрежа. Знаете дека согласно законот, сите оние кои до денес имаат потпишан договор со Фондот продолжуваат да функционираат во мрежата, под услови и на начин определени со Законот за здравствена заштита и мрежата“, појасни министерот за здравство во неделата

Огласите за доделување на концесија, според Законот за здравствена заштита ги распишува Министерството за здравство. Со Уредбата се предвидува министерството да ја информира Владата и да побара од Фондот за здравство доказ за обезбедени средства. Но, Владата може и да го задолжи Фондот да направи интерна прераспределба на буџетот за да се обезбедат средства за доделување на нова концесија.

Оглас за доделување на концесија, како што објасни Тодоров, ќе може да биде распишан само за оние места каде што максималниот број е поголем од актуелниот. Таму каде што актуелниот број е поголем од максималниот, нема да се прави кратење, раскинување на договори и слично, туку едноставно нема да се распишуваат огласи за нови концесии додека актуелниот број не падне под максималниот број по пат на природен одлив, на пример пензионирање итн.

По исклучок, а за некои посложени дијагностички и терапевтски процедури, како и ако тоа е детерминирано од некои епидемиолошки потреби, Владата ќе може да го задолжи Министерството да распише оглас за концесија и над максималниот, односно актуелниот број на даватели на здравствени услуги за определено подрачје.

Договорот за концесија може да биде повеќе годишен, но договорите со Фондот ќе бидат како и досега, едногодишни, при што, за обновување на договорот за времетраење на концесијата, ќе мора да бидат исполнети условите од договорот со Фондот, договорот за концесија со министерството и доказ за платен концесиски надоместок.

Кај оние дејности, каде што со мрежата не е определен максимален број на даватели на здравствени услуги, Владата ќе одлучува за доделување на нови концесии и ќе го задолжува Министерството да распише оглас за доделување на концесија.

Сите досегашни концесионери, по стапување во сила на оваа уредба ќе мораат да потпишат договор со Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје ќе има обврска да ја одржува мрежата и на интернет сајт да ги објавува сите промени во делот на актуелниот број на даватели на услуги, најдоцна во рок од 8 дена од настанувањето на промената.

Оваа уредба во петокот по електронски пат е испратена до коморите и лекарските здруженија, факултетите и Фондот за здравствено осигурување, а е објавена и на интернет страницата на министерството за здравство. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Во израелски напади во Газа убиени 17 лица, меѓу нив шест деца

Објавено пред

Во израелски напади на северот и југот на Појасот Газа убиени се најмалку 17 Палестинци, меѓу кои и шест деца, соопштија локалните болници, пренесе Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Израелската војска наведува дека нападите уследиле откако, според нив, „терористи отвориле оган и тешко раниле еден војник“ на северот на Појасот Газа, во близина на таканаречената Жолта линија, која според договорот за прекин на огнот со Хамас означува територија под контрола на Израел. Како одговор, биле изведени прецизни удари од копнени и воздушни сили, поради, како што наведуваат, „очигледно кршење“ на примирјето.

Болницата Ал-Шифа во Газа соопшти дека примила тела на 13 лица, меѓу кои пет деца, по напади врз шатори и домови во источните квартови Зеитун и Туфа. Во болницата Насер во Хан Јунис биле донесени тела на уште четири жртви, меѓу кои и едно дете.

Од стапувањето во сила на примирјето на 10 октомври, Израел и Хамас речиси секојдневно меѓусебно се обвинуваат за негово кршење. Министерството за здравство во Газа, под контрола на Хамас, наведува дека од тогаш во израелска ватра загинале најмалку 529 луѓе, додека Израел соопштува дека во палестински напади загинале четворица нивни војници.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев

Објавено пред

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со членовите на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и Петар Огњеновиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев.

dobivaj vesti na viber

„Идеалите на Гоце Делчев за слободна, праведна и напредна Македонија и денес се силен потсетник дека иднината се гради со храброст, знаење и единство. Наша должност е да ги чуваме и живееме тие вредности, секој ден.
Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Очекувам раководството на ССМ да излезе од партиската прегратка и да се договори со Владата во интерес на административците

Објавено пред

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека очекува неколкумина од раководството на Сојузот на синдикати да излезат од, како што рече, партиската прегратка и да постигнат договор со Владата во интерес на работниците, односно на административните службеници.

dobivaj vesti na viber

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со утрешната средба со УПОЗ и очекувањата, Мицкоски нагласи дека дел од вработените во јавната администрација сè уште немаат договорен Колективен договор со Владата.

„Очекувам да излезат од партиската прегратка тие неколкумина во раководството на Сојузот на синдикати и да се договорат со Владата во интерес на работниците, односно во интерес на административните службеници, бидејќи уште тие, како што многу пати кажав во минатото, уште тие 7.700–7.800 наши колеги немаат со Владата договорен Колективен договор, сите останати имаат“, изјави премиерот.

Тој додаде дека со ваквиот договор Владата, како работодавач, ќе ги заокружи односите со сите вработени до истекот на мандатот.

„Со ова, Владата како работодавач ги заокружува односите до истекот на мандатот на оваа Влада, до 2028 година, со сите оние на чии работодавач директен или индиректен е Владата“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот

Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните...

Македонија3 часа

Мицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не се добијат поконкретни информации во врска со објавите дека...

Македонија4 часа

Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува...

Македонија4 часа

По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното...

Македонија4 часа

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради...

Македонија5 часа

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која...

Македонија5 часа

Се откри театарот на Трендафилов нарачан од СДС и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако...

Свет7 часа

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со...

Свет8 часа

Преписка помеѓу Епстин и бизнисмен од Емиратите: „Одам да пробам свежа Русинка на јахта“

Нови документи објавени од Министерството за правда на САД открија бизарни и шокантни детали за блиската врска помеѓу Султан Ахмед...

Свет8 часа

(Видео) Трамп: Путин го одржа ветувањето да ги запре нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал рускиот претседател Владимир Путин да „ја заврши војната“ во Украина, но исто...

Свет9 часа

(Видео) Зеленски: Чекаме реакција на Америка на новите руски напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина чека реакција од САД на ноќните напади на Русија врз градови низ...

Македонија23 часа

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија23 часа

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија1 ден

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија1 ден

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион1 ден

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија1 ден

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија1 ден

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет1 ден

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...