Македонија
Пешевски: Македонија со значителен напредок во однос на одржливиот развој
Иако е мала земја без излез на море, Македонија има направено значителен напредок во институционализирањето на управувањето со одржливиот развој, порача вицепремиерот Владимир Пешевски во своето обраќање на Конференцијата за одржлив развој на ОН во Рио Де Жанеиро.
Потенцирајќи го значењето на процесот за одржлив развој, Пешевски ги презентираше активностите што Македонија ги превзема во ова поле, координирани преку работата на Националниот Совет за одржлив развој.
Пешевски истакна дека Македонија иако е мала земја, без излез на море, има направено значителен напредок во институционализирањето на управувањето со одржливиот развој, како и во спроведувањето на соодветни политики, особено во делот за употреба на обновливите извори на енергија.
Тој посочи на конзистентноста на препораките содржани во усвоената Национална стратегија за одржлив развој со усогласениот текст на документот „Иднина која ја сакаме“ за кој е постигната согласност и се очекува да биде усвоен на Конференцијата Рио + 20.
Вицепремиерот ја истакна усогласеноста на македонските со европските политики за одржлив развој, при потенцирајќи ја потребата од постоење на разлика во одговорностите на земјите со различен степен на развој.
Во своето обраќање Пешевски ја нагласи и потребата од праведна распределба на товарот на одржливиот развој помеѓу државите, но истовремено очекувајќи заедничко прифаќање на одговорностите за историските и кумулативните загадувања на глобално ниво. Во таа насока вицепремиерот Пешевски ја поддржа иницијативата за воспоставување на меѓународен механизам за трансфер на технологии и знаења поддржани со финансиски механизми, кои би придонеле за севкупно подобрување на состојбата со одржливиот развој.
На Конференцијата учествуваат 86 претседатели на држави и влади, како и високи претставници на повеќе од 150 држави од светот. Паралелно, Конференцијата е следена од претставници од невладиниот сектор и други засегнати групи.
Целта на Конференцијата е да се реафирмира политичката заложба за одржлив развој, преку проценка на прогресот и слабостите во спроведувањето на одлуките направени на главните самити претходно.
Македонската делегација е предводена од вицепремиерот задолжен за кономски прашања Владимир Пешевски, а во состав на делегацијата е Министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилваќим Адеми, експерти од тој ресор како и претставници од Министерството за надворешни работи. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

