Македонија
Забраната за скутерите може да се воведе и од среда
По неколкуте несрeќи што се случија во Охридското Езеро деновиве, кога пливачи настрадаа од скутери, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески најави дека може рокот за забрана за возење да се помести за среда јули, наместо 20 јули.
„Денеска на седница на Влада ќе го отворам ова прашање за порано воведување на мерката за скутерите. Оваа година имаме потопла сезона, затоа луѓето порано ги возат скутерите, но денеска имаме седница на влада, доколку Владата одлучи да се помести границата, односно место 20 да биде со денешен датум, благовремено ќе ве информираме“, рече Јанакиески, на прес-конференција.
Тој најави дека во четврток, Министерството за транспорт и врски во соработка со повеќе релевантни институции од локално и од државно ниво ќе вршат контрола на плажите и на охридското и на струшкото крајбрежје.
„Бидејќи Општина Струга ги презеде надлежностите за градежното земјиште, апелирам до градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко да ги зајакне контролите на струшките плажи“, рече Јанакиески.
По обвинувањата дека во летната сезона власта не назначува капетан во Капетанијата во Охрид, Јанакиески повика да не се политизира ова прашање.
„Капетанијата функционира без застој, бидејќи во меѓувреме јас овластив повеќе лица за различни работи кои ги обавува капетанијата. Да не се користи за политички цели капетанијата, затоа што функционира со целиот свој капацитет, а наскоро кога ќе завршат сите процедури, ќе се назначи и капетан“, додаде Јанакиески.
Инаку, претходните денови, од скутер беше повреден турист од тетовско кој се сончал на педалинка, а во друг случај девојче од тетовско беше повредено додека пливало во водите на Охридското Езеро.
Инаку, забрана за скутери на целата површина на Охридски, Преспанско и Дојранско езеро, важи од 20 јули до 20 август во периодот од 11.00 до 16.00 часот секој ден.
Со неа се предвидува забрана за пловење на пловни објекти кои се со јачина поголема од 45 киловати и кои можат да превезуваат максимум 3 лица./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.
Македонија
Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава
Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“, објави на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски кој од денеска е во Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
„Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.
Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.
Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава“, пишува Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.

