Македонија
Децата ќе примаат хормон за раст со еден упат годишно
Наместо секој месец да бараат упат за да ја земат терапијата со хормон за раст од Детската Клиника, од сега матичните лекари ќе издаваат едногодишен упат за примање на оваа терапија, соопштија од Фондот за здравствено осигурување.
Децата на кои им е потребна терапија со хормони за раст ќе ја примаат на секои три месеци
“До сега тие требаа да доаѓаат секој месец во годината, прво да земат упат од матичен лекар и второ да одат во Детската клиника и да ја земат месечната терапија за хормон за раст, а на три месеци да имаат одредени прегледи. По иницијатива на Здружението за хормон за раст се идентификува дека овие 24 посети на родителите кај матичните лекари и на клиника, значи два пати месечно, се непотребни. Затоа од овој месец воведуваме едногодишен упат за целата 12 месечна терапија за дечињата. Практично тие ќе одат еднаш на матичен лекар наместо секој месец, а во клиника ќе одат на три месеци во кој период ќе земат тримесечна терапија и еден преглед“, рече директорката на ФЗОМ, Маја Парнаџиева-Змејкова.
ФЗО минатата година почна со проектот условен наменски буџет за 100 дечиња за хормон за раст на детската клиника./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.





