Македонија
Гинеколозите бараат да се испита смртта на нивниот колега кој почина додека се туширал
Здружението на гинеколози и акушери на Македонија бара институциите да спроведат потемелна истрага за околностите при настапувањето на смртта на лекарот Здравко Јошевски кој пред повеќе од еден месец почина од струен удар на Клиниката за гинекологија Чаир.
„Надлежното министерство не беше така енергично во барањето да се испита случајот, ниту, пак, имаше доблест да покаже пиетет кон лојалниот професионалец и да искаже макар сочувство на неговите колеги кои секојдневно сампрегорно ја вршат својата работа, во слични услови и не знаат што може да им се случи. Се обраќаме преку јавноста до официјалните институции да се спроведе потемелна истрага за околностите при настапувањето на смртта, а не да се задржуваме на скудната и вулгарна информација дека бил вклучен болјерот кога се туширал колегата после завршеното напорно дежурство“, се вели во соопштението.
По повод 40 дена од смртта на Јошевски, здружението и’ порачува на Специјалната болница Чаир да остави сеќавање за, како што велат „постоењето на тој исклучително посветен борец за здравјето на обичната жена, човек кој го посветил живото да помогне полесно на свет да дојдат малите, фрагилни и незаштитени животи, а во исто време не успела да формира сопствено семејство“.
Лекарот Јошевски на 1-ви ноември почина додека се туширал во 10 часот во бањата која ја користеле вработените во Клиниката. /крај/фф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
101 санкција за непрописно вградени фолии во автомобили во јануари
Во периодот од 01.01.2026 до 31.01.2026 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата, извести МВР.
При контролата санкционирани се 101 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, велат од Министерството и додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!
„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Јавно побарав од сите советници да гласаат против одлуката од минатото за вработување на 21 лице, одлука што директно би го чинела градот 1,4 милиони евра. Тоа се пари на граѓаните, средства со кои можеме да изградиме кружни текови, да обезбедиме нови автобуси и да реализираме проекти што носат реална корист за Скопје. На градскиот буџет гледам како на сопствениот.
Кога го презедовме градот во финансиски колапс, со одговорно и домаќинско работење успеавме повторно да го исправиме на нозе. И затоа, партиските апетити немаат место во Град Скопје. Се бориме за Скопје какво што го сакаме – функционално, чесно и во служба на граѓаните“, кажа Ѓорѓиевски.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

