Контакт

Македонија

30 години се префрла топката „вие сте криви“ – Дебата на кандидатите за Ѓорче

Објавено пред

Најмногу е вложено во Ѓорче Петров, споредено со последните 20 години. Ова го смета актуелниот градоначалник на општината и кандидат за нов мандат од СДСМ, Александар Наумоски. Тој во дебатата со противкандидатите на „А1он“ и „Макфакс“ кажа дека за реализација  останале уште 20 проценти од програмата за  Ѓорче да нема повеќе кал.

dobivaj vesti na viber

„Ќе имаме ново училиште во населбата Александрија, кое ќе биде најмодерно, ќе ги прошириме училиштата, имаме нова градинка со прифатена апликација во Ново Село. Уредување на кејот на Лепенец, локалитетот во Кучково. Сите овие се капитални проекти во Ѓорче. Капацитетите на Ѓорче треба да се искористат. По клиничкиот центар, ќе се смени економско-социјалната карта. Ќе нема невработен човек.  500 милиони евра, медицински туризам, топлата вода да се искористи за бански туризам. Доградени градинки, сменети кујни, азбестни кујни. Не е само да се каже дека во Ѓорче е катастрофа. Се прави најмодерна градинка. Лесно е да се каже дека ништо не функционира“, рече Наумоски.

Александар Стојкоски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, тврди дека по неговото доаѓање во општина Ѓорче Петров, доколку победи на изборите, ќе ги реши проблемите на жителите. Посочи дека во првите месеци цело Кучково ќе добие вода, веднаш ќе започне со работа за да се отстрани депонијата во Ново Село, најави канализација за Никиштани и Орман. Според него, треба одржлив развој во општината. Тој рече дека има повеќе проекти за животната средина, но и за инфраструктурни зафати. Му замери на актуелниот градоначалник Наумоски околу неговите ветувања.

„Вака со ‘ќе направиме, ќе направиме’ граѓаните веќе немаат простор за тоа ‘ќе’, да чекаат постојано. Треба  да им е јасно на граѓаните дека нема проект за клиничкиот центар, нема ниту идеен проект за него. Никој не знае како ќе изгледа. Ниту еден проект не е нов, сите се наследени проекти, а тие на некој начин се обидуваат да ги доработат. Во никој случај не би се спротивставил на одлуката клинички да се гради во Ѓорче Петров, ниту на тоа што значи развој на општината. Според моите информации, се работи на изнаоѓање нова локација за клинички. Околу делот на инвестициите сакам да напоменам брз развој на постоечките и дефинирање на нови инфраструктурни зони. Со изградена инфраструктура. На голи полиња многу тешко е да се најдат инвеститори“, рече Стојкоски.

Прва зелена општина да биде Ѓорче Петров е планот на Љупчо Јаневски. Според него, општината треба да се заштити од лошо урбано планирање и да се направи примамливо место за луѓето да се доселуваат и додава: „Не ние да одиме на кафе од Влае натаму, туку тие да ни дојдат во Ѓорче“.

„Треба да се вложува во администрацијата, треба да се едуцира, треба  што повеќе да генерираме млади луѓе кои ќе се ангажирани. Една од моите мисии во однос на инвеститорите кои ќе одлучат да инвестираат е 80 отсто од вработените да бидат од Ѓорче. Општината треба да учи бидејќи таа треба да се надградува со тимови кои ќе работат на меѓугранични проекти, проекти од Светска банка, ЕУ, проекти кои ќе донесат дополнителни средства во општината. Ние одлично ќе се бориме за Ѓорче. Велиме дека сите сме тука за Ѓорче. Доста се 30 години. Ако сакаме велосипед – од Влае натаму, ако сакаме маратон до Влае па да се враќаат назад, ако сакаме кафе – од Влае натаму. Ајде да работиме за Ѓорче. За сè има решение. Мое – твое, лево-десно, наше-ваше, доста е. За еден мандат може да се реши проблемот со депонијата во Ново Село“, рече Јаневски.

Сашо Панговски смета дека иста невладина организација ги тренира ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да победат на избори и затоа во Ѓорче Петров ништо не се решава. Тој посочи дека во неговата програма има проекти, а за дел од нив не треба да се потроши ниту денар за да се реализираат.

„Не се проблем парите. Проблем е коалицијата на Мицкоски и Заев, кои го јадат колбасот на маса, најверојатно печен на  контејнерите пред црквата во Ѓорче. Како што гледате, ова се среќни луѓе. Тие се среќни затоа што си помагаат едни со други. Тој бил 5 години во совет, другиот бил 4 години градоначалник, едниот должи 5 милиони, другиот должи 3 милиони. Заедничката нишка е што овие двајца луѓе од ДПНЕ и СДС одговараат на Мицкоски и Заев. Кога едниот или другиот ќе дојде на власт, целиот буџет на општината оди во раздолжување на мандатот“, рече Панговски од ТМРО.

Според Александар Димитријевиќ од Левица, Ѓорче е најдобрата општина која може некој градоначалник да ја добие за работа. За него, штета е идниот градоначалник да ја пропушти можноста да ја направи општината најдобра во Скопје.

„Ние не сме против градење, туку да има планско. Да видиме кој дел од Ѓорче како може да се развива. Многу поважно е точка еден од програмата да се замени со точка два. А точка еден да биде освестување на граѓаните во Ѓорче, кои ќе имаат верба во општината, кои ќе имаат надеж дека во Ѓорче може да владее правото. Како ќе носиме инвеститори кога администрацијата е на најниското ниво од сите општини. Сакам да дадам свесност, односно визија за Ѓорче како тоа може да се рашири, како да се искористат тие индустриски зони кои многу слабо функционираат. Ѓорче има природа која ја немаат другите општини. 30 години се префрла топката, вие сте криви, па вие сте криви. Локалната самоуправа е држава во мало. Префрлањето на топката за комуналните проблеми мора да е минато. За комунални проблеми да нема решение во 21 век, треба да ја дадеме општината на друг да ни ја води“, рече Димитријевиќ од „Левица“.

Македонија

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

Објавено пред

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати владиниот авион. Од Израел ќе бидат пренесени на локација до која е безбедно да стигнат по копнен пат од каде што ќе ги преземе владиниот авион.

dobivaj vesti na viber

„За Македонците кои се во Израел веќе договараме евакуација. Се разгледуваат алтернативни патни правци кои се безбедни за да можат да бидат извлечени, а од таму да ги преземеме со владиниот авион. Првите патници очекуваме да стигнат дома уште утре“, изјавија од МНР за „Макфакс“.

Во владиониот авион има место за седуммина патници, но за да можат да си дојдат дома сите заинтересирани, се разгледуваат можности за комерцијални летови од безбедните околни точки.

Евакуација од Израел досега побарале 19 патници кои се дел од вкупно 473 македонски државјани кои ги контактирале дипломатско-конзуларните претставништва на земјава во Тел Авив, Доха и Абу Даби. Во Катар се пријавиле 106 лица, 348 се обратиле до ДКП Абу Даби, 18 лица од Кувајт и 12 лица од Бахреин.

За патниците од Катар, од МНР велат дека се во преговори за специјален комерцијален лет со кој би се вратиле дома оти сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат, а  ваќањете од Обединетите Арапски Емирати ќе почне во првата безбедна прилика.

Денес во Белград слета авион со 200 српски државјани кои се вратија од Дубаи со комерцијален лет, а аеродромот извести дека ќе го продолжи воздушниот сообраќај со реализација на ограничен број летови. Приоритет ќе им се дава на патниците со претходни резервации, а оние кои ќе бидат дополнително прераспределени на ограничените летови, ќе бидат директно контактирани од компанијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Интензивирани активности за пролетно уредување и модернизација на јавните површини во Ѓорче Петров

Објавено пред

Во пресрет на пролетната сезона, Општина Ѓорче Петров започна засилена и координирана акција за уредување, разубавување и системско одржување на јавните површини на целата територија на општината.

dobivaj vesti na viber

Активностите се дел од поширока стратегија за унапредување на урбаната хигиена, зголемување на безбедноста и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

„На терен се реализира интензивно кастрење на дрвја и жива ограда со цел подобрување на безбедноста и зачувување на зеленилото, расчистување на гранки и зелен отпад и нивно соодветно отстранување, темелно чистење на тротоари, рабници и пешачки зони, уредување на паркови, детски игралишта и меѓублоковски простори.

Со овие активности се создава почиста, побезбедна и поуредена животна средина, а истовремено се поставуваат основи за понатамошни инфраструктурни и еколошки интервенции во текот на годината.

Општината останува целосно посветена на континуирано и одговорно одржување на јавните простори, со јасна визија за модерно, зелено и функционално Ѓорче Петров. Во наредниот период, активностите ќе се интензивираат и ќе опфатат дополнителни локации, согласно утврдениот план“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заедно за безбедност: Mozzart донира тактички елеци на Интервентната единица

Објавено пред

Интервентната единица при Министерството за внатрешни работи доби нови тактички елеци донирани од компанијата Mozzart. Со оваа донација, компанијата ја потврди својата подготвеност да поддржи институции кои работат на заштита и безбедност на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

Тактичките елеци ќе придонесат за подобра заштита и ефикасност на припадниците на единицата при извршување на нивните задачи.

 

„Со задоволство одговоривме на барањето за набавка на нови тактички елеци. Интервентната единица секојдневно е на терен и се грижи за јавната безбедност, а нашата компанија имаше можност да даде конкретна поддршка. Соработката ќе продолжи и во иднина,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Во рамки на својата стратегија за општествена одговорност, Mozzart од почетокот на годината реализира повеќе проекти во различни области – од поддршка на кампањата „Ретко е да си редок“, преку организација на бесплатни театарски претстави, до донации за институции од областа на безбедноста. Активностите ќе продолжат и понатаму, опфаќајќи спорт, здравство, екологија и култура.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија2 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија2 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија2 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет4 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет4 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет4 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет5 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет5 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет6 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет6 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија14 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија15 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ16 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија18 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија20 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија21 час

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија23 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија23 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија23 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...