Македонија
Македонија ќе има ист број родени и умрени во следните години

Во следните неколку години природниот прираст во Македонија, ќе изнесува 0,0 што значи дека во земјава ќе има еднаков број родени и умрени, што според Светска банка се должи на значителниот број Албанци кои живеат во Македонија.
Според истражувањето на Светска банка на тема „Показатели на светскиот развој“, најголема стапка на природен прираст меѓу земјите од Балканот ќе забележи Косово.
Според податоците од Светска банка, во периодот од 2010 до 2020 година, новата европска држава ќе забележи пораст на бројот на граѓани за 0,7 отсто, што е воедно и еден од најголемите проценти на европско ниво.
По Косово, следува Албанија, каде во истиот период ќе биде забележан раст на природниот прираст од 0,2 отсто на годишно ниво.
За разлика од овие земји, `бела чума` ќе ги погоди Србија, Босна и херцеговина и Хрватска.
До 2020 година се предвидува дека овие земји ќе имаат изразено негативен природен прираст и тоа во Србија минус 02, на годишно ниво, во Хрватска, како следна нова земја дел од Европската унија, ќе има годишен негативен прираст од 0,3, додека Босна и Херцеговина до 2020 година ќе има најнизок природен прираст, од 0,4 отсто.
Според обрасците на демографите, еден народ може да исчезне, ако бројот на стар луѓе над 60 години е два и пол пати поголем од луѓето до 19 години.
На ниво на свет, најголем природен прираст во овој период ќе има Нигер со 3,5 отсто, па Малави со 3,3 отсто, Танзанија со 3,1 отсто, Замбија со 3,1 отсто и Уганда со 3 отсто.
Во Европа најнизок негативен природен прираст ќе имаат Бугарија со 0,7, Грузија, 0,7, Молдавија и Грузија со 0,6 и Литванија со 0,5 отсто.
Наспроти нив, највисок пораст на бројот на жители ќе имаат Турција и Ирска, каде според истражувањето на Светска банка, бројот на жители ќе се зголеми за еден отсто на годишно ниво. Следат Норвешка со 0,7, Шведска со 0,5 и Франција со 0,4 отсто /крај/а/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Потребно ли е Ромите да се иселат од Вардариште? – Шукова и Ангелов со спротивставени мислења

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска реагираше на изјавата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, според кого ромските семејства кои живеат во дивата населба во Вардариште треба да бидат дислоцирани, ако е потребно и силум.
„Изјавата на Ангелов е тешка и опасна навреда што го открива вистинското лице на оваа власт“, изјави Шукова.
Ангелов пак возврати дека неговиот став не е навреда, туку грижа за здравјето на граѓаните на Скопје. Тој обвини дека со останувањето на ромските семејства во Вардариште се продолжува со палењето кабли и друг токсичен отпад, што редовно предизвикува пожари и дополнително го загадува воздухот во главниот град.
„Не се согласувам ‘преживувањето’ на неколку десетина семејства да биде ставено пред животот и здравјето на стотици илјади скопјани кои секојдневно вдишуваат отрови. За мене, животот, здравјето и безбедноста на граѓаните се на прво место“, изјави Ангелов.
Тој потсети и дека граѓански здруженија кои со години алармираат за загадувањето од дивата депонија Вардариште често се соочувале со вербални и физички напади од лица кои живеат во населбата.
Дебатата за тоа дали Ромите треба да се иселат од Вардариште или институциите да најдат друго системско решение останува отворена, но ставовите на Шукова и Ангелов јасно ја покажуваат длабоката поделба околу овој чувствителен проблем.
Македонија
Министерството за пацинетот кој почина на Онкологија: Не е вистина дека документацијата му била изгубена

Министерството за здравство реагира на случајот со починатиот пациент на Клиниката за онкологија и радиотерапија, по објавите дека неговата медицинска историја била изгубена и пронајдена дури откако починал.
Од Министерството информираат дека пациентот бил донесен во исклучително тешка состојба, со четврта фаза на метастази на коски, дијагностицирани пред една година. Веднаш по приемот бил инициран процес за обезбедување крвен дериват, но за жал пациентот починал додека траела процедурата, и покрај сите преземени мерки.
Семејството, како што додаваат од институцијата, одбило да се изврши обдукција, а целата медицинска документација е уредно предадена. Министерството нагласува дека наводите за изгубена медицинска историја се неточни и немаат никаква поврзаност со третманот на пациентот.
Во соопштението се упатува и апел за почитување на интегритетот и професионалноста на лекарите и здравствените работници. „Вербални и физички закани не смеат да бидат дел од општеството кое се стреми кон хуманост и грижа за здравјето,“ наведуваат од Министерството.
„Лекарите се сојузници на пациентите и нивните семејства. Само преку заемна доверба и почит можеме да изградиме здравствен систем кој обезбедува хуман и безбеден третман за сите,“ се додава во реакцијата.
Македонија
Да се лоцираат и отстранат сите диви депонии, им препорача Меџити на општините

На барање на министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити до општините е испратена препорака за спроведување детаљни контроли и идентификација на сите диви депонии и нерегистрирани локации за отпад, како и изготвување планови за нивно систематско отстранување.
Министерството соопшти дека од општините очекува мерки за унапредување на управувањето со отпад и заштита на животната средина, а од Државниот инспекторат за животна средина итни активности за контрола и управување со депониите.
Препораките предвидуваат формирање работни тимови за теренска проверка и геолокациско мапирање, соработка со инспекциските служби, подготовка на извештај за состојбата со дивите депонии, кој во рок од 60 дена ќе биде доставен до Министерството, како и информативни кампањи за подигање на јавната свест кај граѓаните.
Истовремено, Државниот инспекторат за животна средина ќе спроведе вонредни контроли на сите постојни и нерегистрирани депонии. Контролата ќе опфати проверка на усогласеност со дозволите и со еколошките стандарди, откривање незаконско депонирање и преземање мерки за санација и санкционирање при прекршувања.