Македонија
Од 15 март поевтинуваат нови 202 лекови

Од 15 март ќе поевтинат 202 лекови, од нив 60 отсто се наоѓаат на позитивната листа, а 40 отсто пациентите сами ги плаќаат.
„Секое намалување на цените на лекови ја намалуваат и доплатата, затоа што таа е разлика од референтната и максималната цена. Со тоа што се намалува максималната цена, автоматски се намалува и доплатата“, изјави денеска министерот Тодоров.
Меѓу лековите на кои ќе им се намалат цените ќе бидат Тродонот од 50 милиграми, Ланзул од 15 милиграми, Ататек од 10 милиграми .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Гази Баба денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта промена на затварач (шибер) од Ф 80мм на ул.Јани Лукровски бр.1 (кај Б.П Мак Петрол), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јани Луковски, улицата 16-та Македонска Бригада, улицата Трифун Хаџијанев и улицата Лазар Поптрајков, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура до 27 степени

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Времето во наредните денови
И во сабота ќе се задржи стабилно и топло време со засилен јужен ветер (над 60 km/h). Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и дневните температури ќе опаднат за 7 до 10 степени.
Македонија
Карпош, Аеродром и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 13.30 часот, корисниците од М.В. Село, Злакуќани, засегнати и корисниците кои се напојуваат од МРО-4 на фундамент пред ATLANTIK MARCELLA (општина Карпош)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Врполе, дел од ул. Илија Димовски-Гоче, дел од ул. Мите Богоевски и дел од ул. Михаил Глинка (општина Аеродром)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Шандор Петефи (општина Кисела Вода)
-во периодот од 11.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Ацо Шопов и Марк Твен (општина Карпош)