Македонија
Претежно сончево со ветер
Во Македонија во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито, додека за попладне се предвидуваат услови за слаби локални врнежи од дожд во северозападните предели.
Во текот на денот ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели од земјата ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури се движат од 9 17 Целзусови степени, а максималните дневни температури ќе се движат од 24 до 33 Целзиусови степени со УВ индекс 7.
Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура е од 14 а максималната дневна температура ќе достигне до 30 Целзиусови степени. УВ индексот ќе има врендност 7.
Во сабота претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне ќе има наоблачување и нестабилно со поинтензивни врнежи од дожд и грмотевици со услови за невреме со врнежи од град. Поројни врнежи се очекуваат во доцните попладневни и во вечерните часови.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринските температури од 11 до 19 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 22, односно до 31 Целзиусов степен. УВ индексот е со вредност 5.
Во недела, пак, ќе биде умерено облачно, ветровито и посвежо. Можни се счлаби локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11 до 19, а максималните дневни температури ќе се движат од 20 до 29 Целзиусови стпени, а УВ индексот е означен со вредност 5./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по претежно влажни коловози.
Врнежи од снег на Попова Шапка со задржување на коловоз од с.Лисец-Попов Шапка.
Намалена видливост поради појава на магла до 80 метри на патниот правец Штип – Неготино кај Серта, во Крушво до 50 метри на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 50 метри.
Сите патни правци во државата се проодни.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре променливо облачно и релативно топло
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло.
Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.
Македонија
Трипуновски: Работиме на стабилен откуп и цена на суровото млеко
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците на поголемите млекарници во државата, на која се разговараше за стабилен откуп и цена на суровото млеко, покрај тоа што европскиот пазар и регионот се соочуваат со вишок на млеко.
На средбата се договори дека откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна, како и дека нема да има неоткупено млеко од страна на млекарниците.
Ќе се засилат контролите на пазарот со фокус на безбедноста и квалитетот на млекото и млечните производи, како и на добиточната храна.
Министерството останува посветено на унапредување на млекопроизводниот сектор и обезбедување на одржливи услови за фармерите и млекарниците, велат од таму.

