Македонија
Отворен Ромски информативен центар во Берово
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими и градоначалникот на општина Берово, Драги Наџински го отворија Ромскиот информативен центар во Општина Берово.
„Ромските информативни центри имаат за задача планирано и структурирано да информираат за имплементацијата на Стратегијата за Ромите и Акциските планови на Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015 на локално ниво. Основна цел за функционирањето на Ромските Информативни Центри е информирање на Ромската заедница, како и на Министерството за труд и социјална политика, Единиците на локална самоуправа, службите на министерствата и институциите на локално ниво за целите и активностите коишто произлегуваат од Стратегијата за Ромите и Акциските планови за спроведување на Декадата за вклучување на Ромите и да им помогнат на припадниците на Ромската заедница во остварување на правата коишто произлегуваат од истите“ рече Спасов.
Тој истакна дека целта на овој информативен центар е навремено ги информираат граѓаните, упатуваат и даваат логистичка поддршка на граѓаните заради остварување на своите права и обврски од областите на социјалната заштита, вработување, здравство, домување и образование, вадење на лични документи.
„Во рамките на овој проект на Министерството за труд и социјална политика функционираат 12 Ромски информативни центри “ истакна Спасов.
Министерот за труд и социјална политка, посетата на општина Берово ја искористи и да го посети малиот групен дом во кој се сместени пет деца без родители и родителска грижа како успешен пример за вонинституционална заштита на деца без родители и родителска грижа, пример кој што треба да го следат и другите општини.
Воедно, при посетата на Берово го посети и семејството Глинчурски во село Двориште кое што се наоѓа во социјален ризик и му додели еднократна парична помош наменета за лекување на двегодишната Вецка. Претставници на Црвениот крст на Град Скопје им доделија пакети со храна, облека и препарати за лична хигиена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

