Македонија
СДСМ задоволни од постигнатиот договор за Изборниот законик
Постигнатиот договор меѓу Владата и политичките партии за измените во Изборниот законик го поздрави најголемата опозициона партија.
„Ваквиот договор произлегува од издржаноста на нашите аргументи кои ја примораа владата да ги прифати клучните барања на партијата, како и препораките и забелешките на ОБСЕ/ОДИХР“, изјави пратеничката Цветанка Иванова од редовите на СДСМ.
Од партијата велат дека клучен тест за практикувањето на договореното ќе бидат претседателските избори годинава, каде ќе се покаже дали власта навистина сака да организира слободни, фер и демократски избори.
„Сакам да ја информирам јавноста дека е постигната и усогласеност за одделување на државата од партијата, забрането е отпочнување со градби, фрлање на лопати, пуштање во употребата на објекти изградени со буџетски средства“, истакнува Иванова.
За непочитување на оваа одлука во Законот се предвидува затворска казна од 6 месеци до 1 година, а секој носител на јавна функција кој што ќе исплати субвенции, плати, пензии, социјална помош и други материјални надоместоци од буџетски средства како што тоа беше пракса во минатото ќе се соочи со казна затвор од 3 година до 5 години, стои во изјавата на пратеничката.
По однос на избирачките списоци, договорено е МВР да врши ажурирање на списоците 4 пати во годината.
Со новите измени се предвидува донациите да бидат ограничени на 50 илјади евра вклучително и за медиумите, а радиодифузерите ќе мора да обезбедат избалансирано медиумско преставување, додека известувањето за редовните активности на државните органи или општините во изборниот процес не смее да биде во полза на ниту еден политички субјект.
Со новите измени во Изборниот законик опфатена е и работата на државниот радиодифузен сервис кој за време на изборна кампања треба да обезбеди рамноправен пристап во информативната програма односно една третина за настани од земјата, една третина за настани од владата и една третина за настани на опозицијата.
За непочитување на одредбите ќе следува разрешување на директорот на МТВ./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

