Македонија
Битолска млекара нема да се продава наскоро

Инвестицискиот фонд Салфорд во 2009 година нема да ги продава фабриките во состав на Денјуб фудс групацијата, меѓу кои е и битолската мекарница ИМБ
Инвестицискиот фонд Салфорд во 2009 година нема да ги продава фабриките во состав на Денјуб фудс групацијата, меѓу кои е и битолската мекарница ИМБ, објави порталот Тотал
“Во моментов не постојат услови било која компанија во нашиот состав па и фабриката за минерална вода и сокови “Књаз Милош” да биде успешно продадена”, изјави Раде Прибичевиќ, директорот за корпоративни работи на Денјуб фудс.
Според Прибичевиќ, Денјуб фудс групацијата во чиј состав се млекарницата Имлек, Суботичка млекарница, битолска млекарница ИМБ, Бамби-Банат, се откажала од намерата за продажба на компаниите поради светската финансиска криза, иако дел од нив се наоѓаат на крајот на инвестицискиот циклус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сите позиции на Алијанса за Албанците во Владата ќе останат во „Вреди“, вели Меџити

По излегувањето на Алијана за Албанците на Арбен Таравари од Владата и од коалицијата „Вреди“, сите места отстапени на албанскиот владин партнер остануваат за коалицијата „Вреди“. Министерот за животна средина Изет Меџити веќе се подготвуваат за кадровските измени.
„Прво треба да ја констатираме оставката на Таравари. Она што е битно, сите позиции што ги има Алијанса за Албанците ќе останат во рамките на ‘Вреди’. Ќе направиме анализа, ќе ги дадеме најдобрите и најподготвените за тие позиции“, рече министерот Меџити денес при посетата на Чаир каде што почнаа градежни работи за нов водоводен и канализационен систем на улицата Дижонска и нејзините краци.
Најавата за оставка само од Таравари, Меџити за Меџити е доказ дека Таравари сам ја донел одлуката да не остане во Вреди и да излезе од Владата.
„Тоа што самиот најавува оставка но не и за другите функционери тоа покажува и докажува дека има донесено одлука која не кореспондира со членството и структурите на партијата. Има видливи поделби и тие веќе ги гледаме. Секојдневно има различно размислување, непочитување на одлуката на претседателот, несфатлива им е одлуката, затоа веќе е видлива поделбата во Алијанса за Албанците“, рече министерот Меџити.
Меџити очекува прелевање на членството на Алијанса за Албанците во „Вреди“ оти одлуката на Таравари се покажало дека е одлични побуди.
Македонија
Костова: Просечно македонско семејство не може да си ги покрие основните трошоци во месецот

Додека се распаѓа владината коалиција, граѓаните се оставени сами на себе – цените растат, стандардот опаѓа, економската состојба е катастрофална, обвини потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.
„Животот е сѐ поскап, а платите не мрдаат. Маслото за јадење, млекото, лебот, јајцата – основните прехранбени производи – сѐ е поскапено. Пакување од 10 јајца, е веќе 113 денари, маслото за јадење над 90 денари, килограм брашно 49 денари, јогурт 87 денари, покачени се цените на млекото, сирењето. На пазарите исто така има посапувања на овошјето и зеленчукот. Црешите веќе станаа луксуз. Последните податоци за потрошувачката кошничка се поразителни, зголемена е за 836 денари за еден месец. Веќе три минимални плати се потребни за да може да се преживее“, рече таа.
Според неа, една просечно македонско семејство со две деца не можат да ги покријат основните трошоци во месецот, платите не стигнуваат од први до први.
„Како да се покрие храна, струја, вода, школо, лекови? Нема со што да се плати рата за кредит или кирија. Народот се мачи како да истурка месец за месец, додека власта се гоштева со манго, папаја, октоподи. Ова не се статистики, ова е суровата реалност на луѓето во Македонија. На пензионерите кои бројат денови до следната пензија. На младите семејства кои веќе не можат да си дозволат ни основни работи. На самохраните родители кои се борат со скапотијата. На сите оние што се трудат чесно да работат, а не можат да живеат пристојно“, рече Костова.
Таа додаде дека животот во Македонија никогаш не бил поскап, а Владата нема решение за високите цени.
„Премиерот не знаел дека цените биле поскапени, па ќе чекал, да видел какви ќе биле анализите, па ќе реагирале. Ова не е само несериозно, ова е директно признание за промашените владини политики и тотална негрижа за стандардот на луѓето. СДСМ со месеци наназад алармира и предлага конкретни решенија кои власта упорно ги одбива: Укинување ДДВ за храна, зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, зголемување на платите во приватниот сектор и поддршка за домаќинствата со најниски приходи“, рече Костова.
Македонија
Љутков: Библиотеките мора да се приспособат да бидат подостапни за сите граѓани

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска, во рамките на конференцијата на библиотекарите со наслов „Услуги за корисниците со посебни потреби и лица со попреченост“ порача дека библиотеките мора да се приспособат, да бидат пофлексибилни, поотворени и подостапни за сите граѓани, без исклучок.
„На попреченоста не треба да се гледа како на пречка, туку како на предизвик. Таа треба да биде поттик за библиотеките да се приспособат, да бидат пофлексибилни, поотворени и похумани. Затоа, денес, кога технологијата ни нуди сè поголеми можности, немаме изговор да не го направиме тоа. Говориме за пристапност во физичка смисла – како пристап до просториите, но и за пристапност до содржините – преку Брајово писмо, аудиокниги, дигитални формати, приспособени образовни програми и персонализирана поддршка“, рече министерот Љутков.
Според Љутков, сите ние, а особено институциите што ја носат одговорноста за културниот развој, мора да гледаме на достапноста не како на дополнителна обврска туку како на основен принцип. Оваа конференција е важен чекор во таа насока.
„Како Министерство за култура и туризам, свесни сме за предизвиците со кои се соочуваат библиотеките денес затоа ние сме тука да ве поддржиме не само со зборови туку и со дела. Да креираме заедно културни институции во кои достапноста и грижата не се додаток, туку темел“, порача Љутков.
На петтата конференција на библиотекарите, што се одржува во Велес, во организација на Библиотекарското здружение на РМ, учествуваат библиотекари од земјата и од странство: Србија, Косово, Албанија, Хрватска, Индија и Босна.