Македонија
НАТО и за Македонија

Лидерите на НАТО на јубилејниот Самит разговараа и за Македонија и се заложија за што поскорешно решавање на прашањето за името
Лидерите на НАТО на јубилејниот Самит разговараа и за Македонија и се заложија за што поскорешно решавање на прашањето за името.
Токму пради прашањето за разликите околу името со Грција, Македонија на ланскиот Самит во Букурешт не доби покана за членство, заедно со Албанија и Хрватска.
Ова синоќа по работната вечера во германскиот Баден-Баден, на која беше усогласувана Декларацијата за безбедност на Алијансата, што треба да биде усвоена денеска во Стразбур, го изјави шефот на словенечката дипломатија Самуел Жбогар, додавајќи дека големо внимание било посветено на состојбата на Западен Балкан.
Лидерите на 28 членки на НАТО со симболично минување преку мостот на реката Рен од Кел во Стразбур денеска по потврдија духот на сојузништво и го започнаа вториот ден од јубилејната средба на која Алијансата го одбележува својот 60-ти роденден.
Низа значајни одлуки за иднината на НАТО се на дневен ред на денешниот состанок, меѓу кои и продолжение на расправата за идниот генерален секретар на Алијансата. Фаворит за оваа функција е данскиот премиер Андерс Фогх Расмунсен.
Синоќа беше поздравено и полноправното членство на Хрватска и на Албанија во НАТО. /крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
За 30 дена ќе ставам крај на депониите во Гази Баба, рече кандидатот на СДСМ за градоначалник, Митовски

Кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ, Влатко Митовски, најави дека во првите 30 дена од преземањето на функцијата ќе го реши проблемот со сметот и дивите депонии во општината.
„Нема повеќе да има диви депонии зад контејнерите, ниту општината ќе создава сопствени депонии. Отпадот ќе биде одложуван на пропишани и контролирани локации, а комуналното претпријатие повторно ќе стане функционално,“ порача Митовски.
Тој го обвини актуелното раководство дека четири години не успеало да воспостави систем за редовно собирање на отпадот, поради што комуналните служби се во целосен колапс.
Македонија
(Видео) Коњановски: Хотелот „Битола“ ќе се адаптира во Дом за стари лица – проект по иницијатива на граѓаните

Кандидатот за градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски, порача дека секој голем проект започнува од гласот на граѓаните и дека заедничкото размислување, пишување и работа се клучот за подобро секојдневие.
„Една од најзначајните иницијативи што ја предложија граѓаните е адаптацијата на хотелот ‘Битола’ во Дом за стари лица – место кое ќе овозможи достоинствен живот, грижа и внимание за највозрасните сограѓани“, изјави Коњановски.
Меѓу останатите приоритетни предлози се: бесплатен оброк за сите ученици од 1 до 3 одделение, обезбедување униформи за децата од 1 до 5 одделение, организација на летни кампови за деца од социјално загрозени семејства, зголемување на капацитетите на градинките, како и продолжување на акцијата за отстранување на дивоградбите и гаражите, особено во Нова Битола.
„Вистински избор се проектите создадени од граѓаните, за граѓаните. Вистински избор е заедничкиот труд – кога гласот на граѓаните станува проект што го менува секојдневието“, нагласи Коњановски.
Македонија
Од утре на полноќ почнува изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите дека изборната кампања за првиот круг од Локалните избори трае до 24:00 часот на 17 октомври 2025 година. Од 18 октомври заклучно со 19:00 часот на 19 октомври важат правилата за изборен молк.
За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања.
Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.