Македонија
Сведмилк – Тутунска банка не го почитува договореното

НЛБ Тутунска банка со активирање на хипотеката го прекрши договорот за оставање на шест месеци грејс период, за да се даде простор на новото
НЛБ Тутунска банка со активирање на хипотеката го прекрши договорот за оставање на шест месеци грејс период, за да се даде простор на новото раководство за реструктуирање на компанијата и репрограмирање на долговите.
Ова денеска со соопшти компанијата Сведмилк, реагирајќи на најавата на првиот човек на НЛБ Тутунска банка дека банката ја почнала процедурата за наплата на долгот, со што се очекува Сведмилк да оди на лицитација.
Сведмилк потсетува дека во февруари годинава со Тутунска банка постигнал договор за грејс период и нагласува дека останува нејасно зошто банката сега реагира, иако поранешното раководство не извршило исплати за ноември декември и јануари, додека со доаѓањето на Феникс Енерџи е извршена уплата на 67,5 илјади евра на име камата.
Компанијата за производство на млеко и млечни производи Сведмилк пред неколку месеци западна во долгови, по што беше купена од страна на конзорциумот Феникс Енерџи.
Таа се уште им должи на сточарите неколку милиони евра за предаденото млеко во изминатите шест месеци. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Вреди“: Работниците во поштата конечно го добиваат заслуженото

Владата предводена од „Вреди“ исполнува уште една обврска, зголемување на минималната плата за вработените во Поштата на Северна Македонија, велат од оваа коалиција.
Со решеност да се врати достоинството на работниците, како што истакнуваат направен е важен чекор за подобрување на условите заработа на вработените во Поштата на Северна Македонија.
„Под раководство на директорот Орхан Куртиши беше потпишан договор со синдикални претставници за зголемување на минималната плата на 24.400 денари – зголемување за 1.800 денари, согласно одлуката на Владата.
Ова е само почеток на серијата одлуки насочени кон радикална трансформација на јавниот сектор и животниот стандард на сите граѓани. Зголемувањата ќе продолжат постепено и во наредните месеци, согласно среднорочниот план на Владата за одржлив економски развој“, нагласуваат од „Вреди“.
Македонија
СДС го напаѓа Панче Тошковски затоа што апси криминалци што тие ги толерираа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Во СДС остануваат глуви при уши и слепи при очи. Речиси секојдневно јавноста е информирана за истрагата што се врши во контекст на случајот во Кочани, реагираат на нивната прес-конференцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Надлежните, посочуваат од партијата на власт, тоа го прават во рамки на законските овластувања. „Се разбира ако СДС воопшто знаат што е работа согласно закон и процедура. Според приложеното од СДС не знаат ништо, ниту кој води истрага, ниту која институција какви надлежности има, се разбира и да ги прашаме кој за што е задолжен ако го имаме во предвид пресот нема го знаат тоа.
Ваква сеопфатна истрага досега немало ниту за еден случај, како од аспект на вклученост на сите, така и од аспект на ажурност на сите.
За тоа каде е СДС се гледа од нивните пресови. Денеска пратеник од Прилеп излегува и бара одговорност од Панче Тошковски. Каква иронија“.
Според партијата на власт, СДС го напаѓа Панче Тошковски затоа што апси криминалци кои СДС ги толерира.
Сега од постапките се гледа дека недопирливи нема, владеењето на правото е безусловно, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Сѐ уште не се знае кој го вандализирал споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје – плочата е откорната, МВР работи на случајот

МВР работи на расчистување на случајот со откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во срцето на Скопје.
Во полицијата било пријавено дека од Паркот на жената борец од Споменикот на културата на Македонците од егејскиот дел на Македонија, со употреба на физичка сила била одземена спомен-плочата, информира МВР во дeнешниот полициски билтен.
За вандалскиот чин првично се огласи архитектката Даница Павловска-Циги, која е воедно и автор на делото.
На 9 април беше украден релјефот од бакар, мотив на мајка со три деца, прицврстен на постаментот, откорнати се бронзените букви од натписот „Татковината – копнеж на прогонетите“ и украдени се 10-ина метри метални цевки поставени во фонтаната, која е дел од споменикот. Оштетени се и неколку мермерни плочи поставени околу споменикот.
Споменикот е подигнат во 1988 година во рамките на Првата светска средба на децата бегалци, што се одржала од 30 јуни до 3 јули 1988 година.