Македонија
Запленети 60 килограми херион
																								
												
												
											Македонската полиција во соработка со Царината заплени 60 килограми хероин на граничниот премин Деве Баир со Бугарија и уапси двајца
Македонската полиција во соработка со Царината заплени 60 килограми хероин на граничниот премин Деве Баир со Бугарија и уапси две лица.
„Хероинот според првичните сознанија бил натоварен во Турција заедно со останатата стока (радијатори и грејни тела), која требало да биде испорачана на Косово“, соопшти МВР за вчерашната акција.
„Утврдено е дека се работи за висококвалитетен хероин, со исклучителен процент на чистота кој во малопродажба вреди повеќе од 3 милиони евра“, наведува полицијата.
Дрогата била скриена во камион со скопски таблички, во преграда во резервоарот за гориво, каде се пронајдени 117 пакувања со различна форма и големина
Камионот бил сопственост на фирмата ДПТУ„Енис-Транспорт” ДООЕЛ од Скопје, а го управувал 35 годишно лице од Скопје и 42 годишен совозач од Арачиново, двајцата државјани на Македонија, против кои ќе следат кривични пријави./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Герасимовски на средба со противкандидатките Ивановска и Среброва, споделени предлози и идеи за поквалитетен Центар
														Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа средба со противкандидатките од локалните избори, Билјана Ивановска од „Независни заедно“ и Марија Среброва од „Левица“. Поради работни обврски, на средбата не присуствуваше кандидатот Мирослав Лабудовиќ од „Знам“.
На состанокот, на кој присуствуваа и раководителите на секторите во општината, се дискутираше на повеќе теми од интерес на граѓаните: урбанизам, зеленило, нови паркинг-зони, планираното затворање на сообраќајот во Дебар Маало и друго.
„Високо ги ценам и почитувам моите противници во изборниот процес. Уште на предизборните дебати јавно потенцирав дека секој нивен предлог и иницијатива ќе бидат добредојдени. Нивните искуства со кои влегоа во трката, Среброва како советник во Советот на Општина Центар и Ивановска како поранешна претседателка на ДКСК, го кренаа нивото и квалитетот на целиот изборен процес. Се надевам дека ќе продолжиме со блиска соработка и во иднина,“ рече Герасимовски.
На средбата беше договорено ваквите состаноци да продолжат и понатаму, со цел развивање на заеднички иницијативи во интерес на жителите на Центар.
Македонија
Ќе работиме со транспарентност: Меџити го презеде мандатот како градоначалник на Чаир
														Денес, новоизбраниот градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, и официјално го презеде својот мандат.
Во своето обраќање по повод преземањето на функцијата, Меџити истакна дека ова враќање за него претставува чувство на чест и длабока одговорност кон граѓаните на Чаир кои му укажаа доверба со неспорна изборна победа на последните локални избори.
„Од денес се враќам во моето место, меѓу моите луѓе, со чест, со скромност и со длабока благодарност. Чаир секогаш ме поддржувал, а овој пат ми даде силен мандат, доверба што ќе ја претворам во чесна работа, конкретни резултати и управување што го познава само јавниот интерес,“ истакна Меџити.
Тој додаде дека Чаир е дел од неговиот идентитет, дел од неговата лична историја и јавна мисија, нагласувајќи дека секој успех што ќе следи ќе го носи печатот на граѓаните кои никогаш не се откажаа.
„Пред нас стои ново поглавје. Ќе работиме со јасен план, со транспарентност и со храброст за да направиме големи промени. Имам доверба во луѓето на Чаир, во нивната енергија, талент и љубов кон ова место. Од денес започнува работата за општина Чаир што ја сакаме, од денес започнува нашето време!“, додаде Меџити.
Македонија
Македонија треба да ги спроведе уставните измени, порача Кос
														Презентирајќи ги извештаите за земјите кандидатки за членство во ЕУ, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката за проширување Марта Кос накратко спомена дека Северна Македонија е целосно усогласена со Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и дека продолжува со работата на деловите поврзани со Кластерот 1.
Северна Македонија мора да ги направи уставните измени за да го продолжи својот пат кон Европската Унија, порача таа.
„Северна Македонија, како што реков, остана целосно усогласена со CFSP (Заедничката надворешна и безбедносна политика) и ја продолжи техничката работа на Патоказите и на Акцискиот план поврзани со Кластерот 1, но земјата не презеде одлучни чекори да напредува во процесот на пристапните преговори во изминатата една година.
Таа мора да ги донесе уставните измени согласно заклучоците на Советот на Европа од 2022 година за да напредува на својот пат кон Европската Унија“, нагласи Кос.
Фото: принтскрин

