Македонија
Црвенковски: Времето ќе покаже која политика е вистинската

Вистинската вредност на одлуките што ги преземав во тешките времиња за Македонија ќе биде обележана во историјата
Вистинската вредност на одлуките што ги преземав во тешките времиња за Македонија ќе биде обележана во историјата.
Ова денеска во Скопје го изјави македонскиот претседател во заминување Бранко Црвенковски, на средба со новинарите, по завршување на петгодишниот мандат.
“Никогаш не тактизирав и не се поведував од моменталното јавно расположение, убеден дека времето ќе покаже која политика е вистинската за Република Македонија“, изјави Црвенковски, во последната изјава дадена на оваа функција.
“Секогаш се водев од начелото дека во тешки времиња, на државата и е потребно лидерство што ќе ја презема одговорноста за тешки одлуки, и верувам дека вистинската вредност на таквите одлуки ќе биде верифицирана од историјата“, додаде тој.
Црвенковски спомена дека во неговиот претседателски мандат САД ја призна Македонија под уставното име, а државата доби кандидатски статус за во ЕУ.
Сепак, тој изрази жалење дека во овој период Македонија не стана членка на ЕУ и не ги започна пристапните преговори за членство.
“Секој неуспех на Република Македонија, додека бев претседател, го сметам за свој личен неуспех. Моја е одговорноста во онаа мерка во која ваквиот епилог е резултат на мојата политика и моите ставови. Во оној дел каде ваквите ситуации се последица на други државни институции, политика со која не се согласував, одговорноста мора да ја преземат други“, оценува претседателот во заминување Црвенковски.
На средбата беше промовирана и неговата книга што содржи записи, информации, податоци, “вредна за историска анализа“ од неговиот претседателски мандат, беше посочено на последното јавно појавување на Бранко Црвенковски на претседателската функција./крај/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.