Македонија
Владата да го повлече законот – бараат семејствата на загинатите мировници
Семејствата на загинатите мировници кај Катлановско Блаце денеска во Скопје побараа Владата да го повлече законот за посебните потреби на мировниците
Семејствата на загинатите мировници кај Катлановско Блаце денеска во Скопје побараа Владата да го повлече законот за посебните потреби на мировниците, а Собранието да не го гласа.
“Бараме од Владата да го повлече законот, во соработка со нас да понуди подобри решенија. Од собранието бараме да не гласа за законот“, изјави Бранко Ѓоргевски, татко на загинат мировник во хеликоптерската несреќа.
Тој како главна причина за ова барање наведува дека повеќето од предвидените права се права што веќе постојат во другите закони.
“Овој закон е закон за посебните права, а повеќето права не се посебни. Предложениот закон, во најголем дел, не дава ништо повеќе од она што сме го добиле, а тоа што сме го добиле, сме го добиле по основ на други закони“, рече Ѓоргевски.
Тој додава дека со оваа владина одлука се донесени во непријатна позиција да бараат права, наместо тие да им следуваат.
Семејствата незадоволни и разочарани од одлуката на Владата да не го повлече законот за посебните потреби за мировниците уште еднаш ги повикаа пратениците да не гласаат за законот, а во спротивно најавија дека ќе го оспорат пред Уставен суд.
Македонското Собрание денеска на пленарна седница треба да расправа за контроверзниот предлог законот за посебни права на мировниците и нивните семејства.
Законот што го предлага Владата, наиде на остри реакции кај јавноста и опозицијата, кои оценија дека е скандалозно.решението за 2.000 евра отштета по член на семејство на загинат мировник. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

