Македонија
Грција го одби предлогот за заеднички комитет за превенција на инциденти
Грчкиот министер за внатрешни работи, Прокопис Павлопулос, не ја прифати иницијативата на неговата колешка, Гордана Јанкуловска, за формирање мешовит
Грчкиот министер за внатрешни работи, Прокопис Павлопулос, не ја прифати иницијативата на неговата колешка, Гордана Јанкуловска, за формирање мешовит македонско-грчки Комитет за решавање и превенција на инцидентите.
Ова се наведува во возвратното писмо на Павлопулос испратено на крајот на минатата недела со кое тој одговара на предлогот на Јанкуловска од 18 март годинава за формирање меѓудржавно експертско тело со задача заеднички и во блиска соработка да врши превенција и да ги разрешува инцидентите на териториите на двете земји во кои се инволвирани македонски и грчки државјани.
Предлогот на македонските власти од пред речиси два и пол месеци дојде како резултат на зачестените напади и понижувачкиот третман кон превозниците од Македонија на грчките патишта, но и по инцидентот во Охрид кога беа оштетени неколку автобуси на туристи од Грција.
Павлопулос во писмото, до кое дојде новинската агенција Макфакс, смета дека ваква форма на соработка се уште не е потребна.
„Грција сака да работи заедно со вас во областите од заеднички интерес, за доброто на нашите народи, со неопходните предуслови историјата да биде взаемно почитувана според принципите на добрососедските односи. Во таа смисла, пред надлежните служби во моето министерство уште еднаш ќе ја повторам нашата долгорочна политика на унапредување и продлабочување на билатералната соработка меѓу нашите држави, вклучувајќи го тука и создавањето на трајни механизми на експертско ниво (комитети, контакт групи итн.), кога тоа ќе биде потребно (на пример, во областа на полициска соработка) со цел заеднички да ги решаваме сегашните и идните предизвици“, се наведува во писмото.
„Според моите сознанија, Царината, која е под надлежност на Министерството за економија и финансии, и Царинската контролна управа, која е под надлежност на Министерството за одбрана, веќе одржуваат регуларни билатерални средби со претставниците од Поранешната југословенска Република Македонија“ – нагласува Павлопулос во одговорот до Јанкуловска.
Покрај одбивањето на иницијативата, грчкиот министер во писмото ги карактеризира македонските граѓани како негостопримливи, отфрлајќи ги поплаките на транспортерите за непријатностите што ги доживеале на територијата на Република Грција.
„Што се однесува до нападот врз грчките туристи во Охрид, за жал е само доказ за непријателството кое е инсталирано во умот и срцата на вашиот народ кон Грција. Овој инцидент, како и бројните сериозни проблеми со кои се соочуваат грчките компании во вашата држава и континуираното малтретирање на грчки државјани при нивното поминување на границата, според нивната тежина, не се споредливи со изолираните инциденти и неоснованите поплаки на транспортерите од Поранешната југословенска Република Македонија за наводно различниот третман од страна на грчките државни органи“, смета Павлопулос.
„Ме плаши дека ваквото однесување кое е охрабрено од општата клима на нетрпеливост спрема Грција, систематски се развива во ПЈРМ, како резултат на политиката на пропаганда демонстрирана од ваша страна, особено во однос на официјалното име на вашата држава“ се вели во писмото на Павлопулос, како одговор на иницијативата на македонската министерка за внатрешни работа за заедничка соработка во превенцијата и решавањето на инцидентите.
Copyright 2009 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши и Бегај од Скопје порачаа: Заеднички кон ЕУ и подлабока регионална соработка
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.
Гаши изрази големо задоволство од средбата и истакна дека очекува пријателството и соработката што постојат меѓу двете земји во иднина уште повеќе да се зајакнат и унапредат. На меѓународен план, двете држави имаат исти цели и интереси, а тоа се членството во Европската унија, меѓусебната поддршка како непосредни соседи и сојузници во НАТО и продлабочувањето на регионалната соработка.
Тој изрази очекување и надеж дека двете држави заеднички ќе го продолжат својот пат кон европската интеграција, бидејќи тоа е многу важно не само за Северна Македонија и Албанија, туку и за останатите земји од регионот на Западен Балкан. Во функција на промоција на парламентарната дипломатија и градење на билатералните парламентарни односи, претседателот Гаши истакна дека одржува редовни контакти со колегите од Парламентот на Албанија и дека посетите на највисоко парламентарно ниво се одржуваат речиси секоја година.
Претседателот Бегај истакна дека Република Северна Македонија и Албанија се две пријателски земји кои делат исти вредности, визии и предизвици и претставуваат пример за соработка во регионот. Тој посочи дека е унапредена соработката во многу сфери од заеднички интерес, што е во функција на подобрување на животниот стандард на граѓаните во двете држави. Останува определбата за уште поголема соработка, особено во економската сфера.
Двајцата соговорници ја потенцираа важноста и улогата на Македонците и Албанците кои живеат во двете земји и претставуваат мост за градење стабилни и пријателски односи. Патничкото, енергетското и железничкото поврзување меѓу двете земји во рамките на Коридорот VIII ќе придонесе за уште поголема размена на луѓе, стоки и услуги, за што постои огромен потенцијал.
Албанскиот претседател Бајрам Бегај се потпиша во Книгата на впечатоци и се обрати пред пратениците во Собранието.
Македонија
Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик
Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство, ја потврди заложбата на Движењето во однос на неопходноста од суштински и системски измени на изборниот модел во Република Македонија.
„Заложбите на Движење ЗНАМ се за воведување на една изборна единица со изборен праг од 2 до 3 проценти, со што ќе се овозможи правична застапеност и на помалите политички субјекти и независните пратенички листи. Што всушност беше и барање во одлуката на Уставниот суд.“ – истакна Бендевска.
Дополнително, таа нагласи дека цврст став на Движењето е намалување на бројот на пратеници во законодавниот дом на 90, бројка што, како што посочи, ќе соодветствува на реалната големина на популацијата во државата.
„Го афирмирам односно реафирмирам ставот на Движење ЗНАМ за намалување на бројот на пратеници на 90 со што ќе се придонесе за рационализација на трошоците, материјални, финансиски и човечки и ќе значи значителна придобивка за Буџетот на државата. Воедно, ќе се добие пофункционално, поефикасно и поконсолидирано законодавно тело, кое ќе биде во служба на побрз, поквалитетен и посериозен законодавен процес.“ – потенцираше потпретседателката.
Во однос на гласањето на дијаспората, таа потсети дека воведувањето на ваквиот модел беше проследено со зголемување на бројот на пратеници на 123, што, како што нагласи, отвори низа прашања за финансиската оправданост и ефикасноста на изборниот процес во странство.
„Сведоци сме колку чини изборната постапка која подразбира испраќање избирачки одбори во дијаспората, при што бројот на гласачи во повеќе случаи не соодветствуваше со првичната намера и очекувањата.“ – изјави Бендевска.
ЗНАМ додава дека ќе продолжи да се залага за изборен модел што гарантира еднаква вредност на секој глас и институции што работат ефикасно, транспарентно и во интерес на граѓаните на Република Македонија.
Македонија
Поради јазични бариери одложено продолжението на конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, кажа Филков
Поради технички причини денешната конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство беше одложена за следната недела. Министерот за правда Игор Филков изјави дека членовите на работната група не се впуштиле во материјална расправа затоа што прво треба да се утврди дневниот ред.
,,Иако денес требаше да биде одржана првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборно законодавство на која требаше да се избере претседател, како и да се донесе предлог-деловник за утврдување на методологијата и динамиката на работење, сепак тоа не се случи поради одредени јазични бариери. Од дел од присутните претставници на политичките партии беше побарано материјалите да бидат преведени за полесно да можат да се разберат’’, рече Филков.
Филков се надева дека следната недела членовите ќе се усогласат за термин , ќе се избере претседател на работната група и ќе се отпочне со работа каде што сите ќе имаат можност да ги дадат своите предлози и сугестии за реформите во изборното законодавство.

