Македонија
Благ пад на МБИ 10, по неколкудневен раст
Индексот МБИ-10 оствари пад од 0,81%, по неколкудневен континуиран раст, спуштајќи се спушти на ниво од 2.729,33 индексни поени
Индексот МБИ-10 оствари пад од 0,81%, по неколкудневен континуиран раст, спуштајќи се спушти на ниво од 2.729,33 индексни поени.
МБИД опадна за 0,29% и вредноста му се намали на 2.483,34 индексни поени. Индексот за обврзници ОМБ незначително се зголеми за 0,06% позиционирајќи се на ниво од 103,80 индексни поени.
Вкупен промет на македонската берза за долгорочни хартии од вредност денеска изнесуваше 95.425.801,22 денари.
Преку блок трансакција се истргува акцијата на Осигурителна Полиса АД Скопје, а износот на трансакцијата беше 67.595.000,00 денари. Се истргува количина од 110.000 акции по цена од 614,50 денари.
Со тргувањето на официјалниот Пазар се оствари промет од 22.814.261,22 денари. На редовниот пазар се оствари промет од 72.611.540,00 денари, вклучувајќи ја и блок трансакцијата со Осигурителна Полиса АД Скопје.
Акцијата на Комерцијална Банка оствари промет од 4.669.699,00 денари. Истргувани беа 1.665 акции со просечна цена од 2.804,62 денари остварувајќи благ раст од 1,13%.
При тргувањето со Гранит Скопје се оствари промет од 3.851.004,00 денари. Се постигна просечна цена од 618,34 намалувајќи се за 2,32%. Се истргуваа 6.228 акции.
Акцијата на Алкалоид се тргуваше со промет од 3.928.136,00 денари. Просечната цена изнесуваше 4.837,71 денари остварувајќи пораст од 0,70%. Се исргуваа вкупно 790 акции.
Најтргувана акција на редовниот пазар беше Тутунска Банка со промет од 1.739.064,00 денари. Просечната цена беше 4.459,14 денари со пад од 6,18%. Вкупно се истргуваа 1.739.064,00 денари.
Прометот со Стопанска Банка Скопје изнесуваше 1.271.000,00 денари при што се постигна просечна цена од 205,00 денари која остана непроменета од претходниот трговски ден. Вкупната количина која се истргува беше 6.200 акции.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Комерцијална Банка Скопје
2. Гранит Скопје
3. Алкалоид Скопје
4. Макпетрол Скопје
5. Стопанска Банка Битола
Хартии од вредност со најголем раст
1. ЕМО Охрид 50,00%
2. РЖ Услуги Скопје 19,93%
3. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 8,91%
4. ЗК Пелагонија Битола 6,23%
5. Стопанска Банка Битола Приоритетни 6,14%
Хартии од вредност со најголем пад
1. ЗУС Скопје 23,78%
2. ФХЛ Мермерен Комбинат Прилеп 12,50%
3. Македонијатурист Скопје 9,09%
4. Тутунска Банка Скопје 6,18%
5. Македонски Телеком Скопје 5,88%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Делови од Бутел, Чучер Сандево и Илинден денеска без струја
ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Чучер Сандево и Илинден.
– Во период од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата 18 броеви од 30 до 40, улицата Радишанска броеви од 40 до 70, во општина Бутел.
– Во период од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците во село Мирковци во општина Чучер Сандево.
– Во период од 09:00 до 14:00 часот корисниците од улицата од Мршевци кон Бујковци во општина Илинден.
Македонија
Претпладне појава на магла, преку денот претежно облачно со услови за слаби врнежи од дожд
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот претежно облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла. Во петок претежно во северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Македонија
Мицкоски со претседателот на републиканците ја следеше инаугирацијата во Вашингтон
Премиерот Христијан Мицкоски ја следеше инаугирацијата на Трамп заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли.
„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп“, објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот денеска присуствуваше на балот во Вашингтон, кој се одржа пред назначувањето на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, и на кој присуствуваа видни политички личности од повеќе земји од светот, како и познати бизнисмени.