Македонија
Конгрес на СДСМ во Охрид
Конгрес на опозиционата СДСМ, 10. по ред, ќе се одржи денеска во Охрид, на кој ќе се бираат новите членови на Централниот и Надзорниот одбор
Конгрес на опозиционата СДСМ, 10. по ред, ќе се одржи денеска во Охрид, на кој ќе се бираат новите членови на Централниот и Надзорниот одбор на партијата.
Конгресот, што ќе се одржи во Центарот за култура “Глигор Прличев“, ќе има работен карактер, откако на 9. Конгрес на СДСМ делегатите го избраа Бранко Црвенковски за претседател на партијата.
Според македонските гласила, кои се повикуваат на партиски извори, во новиот тим на партијата ќе се вклучат универзитетската професорка Рената Треневска-Дековска, шефицата на на Кабинетот на Црвенковски, Наташа Савова, актуелниот шеф на Агенцијата за разузнавање Виктор Димовски, како и градоначалниците на Охрид и на Куманово Александар Петрески и Зоран Дамјановски./крај/ме/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на неколку патни правци
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)
Македонија
Меџити: Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија
Во продолжение на официјалната посета во Скопје, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија и во просториите на општина Чаир.
„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси“, велат од општина Чаир.

„Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија.

Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“, соопштуваат од општина Чаир.

