Македонија
Македонија издаде еврообврзница за 175 милиони евра
Република Македонија изврши емисија на еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал во износ од 175 милиони евра, по каматна стапка од 9,8 отсто
Република Македонија изврши успешна емисија на еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал во износ од 175 милиони евра, по каматна стапка од 9,875 отсто.
Ова денеска го соопшти министерот за финансии Трајко Славески, прецизирајќи дека емисијата била извршена вчера попладне во Лондон, со посредство на британската банка ХСБЦ.
Рокот на кој е издадена еврообврзницата е 3,5 години, односно истата ќе достаса во јануари 2013 година.
„На овој начин Министерството за финансии ефикасно ги обезбеди потребните средства за непречено финансирање на Буџетот и продолжување на реализација на проектите на Владата“, изјави Славески.
Тој додаде дека во предвид биле земени предлозите на бизнис заедницата за надворешно финансирање, со цел да не се врши притисок во насока на зголемување на каматните стапки.
„Приливот на овие средства ќе придонесе за зголемување на девизните резерви и зачувување на стабилноста на денарот“, додаде Славески.
Тој информираше дека интересот кај инвеститорите за откупување на македонскиот долг бил голем, додавајќи дека побарувачката достигнала 227 млн. евра.
Инвеститорската база е дисперзирана во повеќе региони, а најмногу инвеститори има од Велика Британија (59,9%), Швајцарија (11,3 %) и Бразил (8,3%).
Министерството за финансии изразува задоволство од начинот на емисијата на еврообврзницата, кое се случи во турбулентен период.
Преку оваа операција, може да се констатира изразената доверба на странските инвеститори во перспективите на Македонија, сметаат од Министерството за финансии.
Посочен е примерот на Литванија, која е членка на Европската унија и има повисок рејтинг од Македонија, неодамна издаде еврообврзница од 500 милиони евра, за која постигна каматна стапка од 9,375 отсто.
Вкупниот јавен долг на Република Македонија во моментот изнесува 1,721 милијарда евра, односно 25,9 отсто во донос на БДП и со оваа операција јавниот долг ќе се зголеми за 2,6 проценти.
Славески денеска информираше и за позитивниот пресврт на девизниот пазар во Македонија, каде што во јуни биле откупени 40 милиони евра од страна на Народната банка, со што девизните резерви се зголемиле на 1,208 милијарда евра. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

