Македонија
Проект за згрижување на ромските деца

Инклузија на деца Роми во јавните општински установи детски градинки", е проектот за кој денеска во Владата ќе дискутира заменик министерот
Инклузија на деца Роми во јавните општински установи детски градинки”, е проектот за кој денеска во Владата ќе дискутира заменик министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски со градоначалниците на 18 општини.
Целта на средбата е изнаоѓање на можности за продолжување на соработката за потребите на проектот, со што би се овозможило е подобрување и поддршка на интеграцијата и намалување на запоставеноста на децата Роми, официјално е соопштено.
Овој проект претставува три годишна последователна соработка на Министерството за труд и социјална политика, Ромскиот Едукативен Фонд и Единиците на локална самоуправа во чии што рамки се спроведуваат активностите. /крај/со/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани

Насилството на советникот на Венко Филипче од Кочани, Аки Акиов кој во општинскиот Совет со стаклено шише повреди вработена во општината, е почеток на реализацијата на темното сценарио за дестабилизација и предизвикување чувство на страв, велат од ВМРО-ДПМНЕ по инцидентот во Советот.
Според партијата, се работи за сценарио за дефокус и за дестабилизација во Кочани, кое служи за спас на политичката кариера на Венко Филипче, кој, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, има рејтинг во рамките на статистичка грешка и на кого му се заканува дебакл на следните избори.
„На ова опасно сценарио, секако, му асистира добро познатиот креатор на мрачни сценарија, Зоран Заев кој е и ментор на Филипче. Ова нивно последно сценарио за сеење страв е дел од план кој Филипче го правел со Заев далеку од очите на јавноста, во Дубаи. Средбата на која го подготвиле ова сценарио се случила пред месец дена, а тоа е периодот кога јавно кажувавме дека Филипче е шест дена тајно во Дубаи, каде се среќавал со Заев. Советникот Акиов е човек многу близок до Зоран Заев, тоа може да се види од јавно достапните фотографии и тој прв почна со имплементација на планот за спас на Филипче. Внесување страв и паника кај народот од локални тепачи кои се закануваат, е добро позната и веќе испробана тактика на Заев, која сега ја применува Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се додава дека дел од дословното спроведување на планот на Заев е и декларативното осудување на настанот. Филипче ако сака некој да му верува дека искрено се оградува од насилството во Кочани, јавно ќе се дистанцира и ќе побара оставка од неговиот советник.
Македонија
Земјотрес во Охрид

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихеровата скала бил почувствуван синоќа во Охрид и околината.
Според информациите на сеизмолошкиот институт, потресот е регистриран половина час по полноќ.
Епицентарот е во пограничното епицентралното подрачје со Република Албанија, јужниот дел на Охридско Езеро.
Македонија
Сончево време со температура до 33 степени

Времето денес ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје претежно сончево и малку посвежо. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Во наредните денови следува период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.