Македонија
Партнерство помеѓу ССК и Прокредит Банка

Договор за партнерство со цел продлабочување на соработката склучија денеска Сојузот на стопански комори (ССК) и ПроКредит Банка
Договор за партнерство со цел продлабочување на соработката склучија денеска Сојузот на стопански комори (ССК) и ПроКредит Банка.
Целта на овој меѓусебен договор е засилување на поддршката кон бизнис заедницата преку организирање на заеднички активности кои во својот фокус ќе ги имаат претпријатијата.
Соработката треба да биде насочена кон претставување на услугите и можностите на ПроКредит Банка за финансирање на стопанството, бизнис средби со фирмите членки на Сојуз на стопански комори, како и организирање на работилници за сметководители и финансиски менаџери на мали и средни претпријатија.
„Речиси над 80% од кредитното портфолио на ПроКредит Банка го претставуваат бизнис кредитите. Имајќи ја во превид нашата мисија и мисијата на Сојузот на стопански комори, партнерскиот однос беше сосема логичен“, истакна генералниот директор на ПроКредит Банка, Јованка Јолеска Поповска.
Извршниот директор на ССК Владимир Матевски изрази задоволство со продлабочувањето на соработката со ПроКредит банка за поддршка на малите и средни претпријатија што е од големо значење во денешни услови на стопанисување. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во полициска станица е вработениот во НБРМ за кој Манев тврди дека го фрлил ранецот со пиштолот и моторолите

Во полициска станица и утрово е задржан вработениот во Народната банка, член на партијата „Десна“, кој вчера беше приведен откако Велибор Манев го спомена во завршните зборови во судница од рочиштето за Вања и Панче.
Вработениот во НБРМ беше посочен како задолжен од Љупчо Палевски да го фрли ранецот во кој бил пиштолот и моторолите користени да се киднапираат и убијат Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Детали од неговиот исказ не можат да бидат објавени во оваа фаза, но од Обвинителството соопштија дека за постапката ќе информираат во текот на денот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани

Насилството на советникот на Венко Филипче од Кочани, Аки Акиов кој во општинскиот Совет со стаклено шише повреди вработена во општината, е почеток на реализацијата на темното сценарио за дестабилизација и предизвикување чувство на страв, велат од ВМРО-ДПМНЕ по инцидентот во Советот.
Според партијата, се работи за сценарио за дефокус и за дестабилизација во Кочани, кое служи за спас на политичката кариера на Венко Филипче, кој, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, има рејтинг во рамките на статистичка грешка и на кого му се заканува дебакл на следните избори.
„На ова опасно сценарио, секако, му асистира добро познатиот креатор на мрачни сценарија, Зоран Заев кој е и ментор на Филипче. Ова нивно последно сценарио за сеење страв е дел од план кој Филипче го правел со Заев далеку од очите на јавноста, во Дубаи. Средбата на која го подготвиле ова сценарио се случила пред месец дена, а тоа е периодот кога јавно кажувавме дека Филипче е шест дена тајно во Дубаи, каде се среќавал со Заев. Советникот Акиов е човек многу близок до Зоран Заев, тоа може да се види од јавно достапните фотографии и тој прв почна со имплементација на планот за спас на Филипче. Внесување страв и паника кај народот од локални тепачи кои се закануваат, е добро позната и веќе испробана тактика на Заев, која сега ја применува Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се додава дека дел од дословното спроведување на планот на Заев е и декларативното осудување на настанот. Филипче ако сака некој да му верува дека искрено се оградува од насилството во Кочани, јавно ќе се дистанцира и ќе побара оставка од неговиот советник.
Македонија
Земјотрес во Охрид

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихеровата скала бил почувствуван синоќа во Охрид и околината.
Според информациите на сеизмолошкиот институт, потресот е регистриран половина час по полноќ.
Епицентарот е во пограничното епицентралното подрачје со Република Албанија, јужниот дел на Охридско Езеро.