Македонија
Каква е иднината на нашата цивилизација?
Доколку не се зауздаат климатските промени, нашата цивилизација би можела комплетно да ја снема
Доколку не се зауздаат климатските промени, нашата цивилизација би можела комплетно да ја снема.
Со цел таквото сценарио да се избегне, потребно е да се направи напор од големи размери, слично на оној направен пред 40 години, кога човекот се спушти на Месечината, пишува британскиот Индипендент, коментирајќи го извештајот направен од УНЕСКО, Светската банка, американската војска и Фондацијата Рокфелер за иднината на планетава.
Документот го носи насловот “Извештај за состојба на иднината“ и се состои од околу 6.700 страни.
Оние кои се запознале со содржината тврдат дека има непроценливи податоци за шансите за иднината на нашата планета.
Клуч на целата анализа е делувањето на глобалната рецесија во која се наоѓаме на различни фактори, како што се демокрацијата, храната или сиромаштијата.
Пресметано е што се би можело да тргне на лошо поради рецесијата. Исто така, се наведува дека на глобално ниво постои во голем степен меѓузависност на етиката и економијата со напомена дека алчноста и потребата профитот да се постигне со измами довеле до сегашната состојба на стопанството и финансиите.
Еден од главните заклучоци е дека се до почетокот на рецесијата светот имал доста добар “индекс за иднината“; но рецесијата целосно го осакатила, и тоа за наредните 10 години.
Така, во наредниот период, половина од светот може да очекува растеж на насилството и немирите, и тоа поради растечката невработеност, комбинирана со недостиг на вода, храна и енергија, што пак, е директна последица од климатските промени. Се говори дури и за тоа дека некои држави би можеле и да исчезнат, што би бил тежок удар за политичката и социјалната стабилност.
Но, со сето тоа “црнило“ постои и позитивна страна, а тоа е дека сите тешкотии можат да го натераат човештвото да го смени својот начин на размислување, односно да се оттргне од детската себичност.
Извештајот ги повикува светските влади да направат десетгодишни планови за сузбивање на заканите кои би можеле сериозно да ја загрозат иднината на човештвото и на целата планета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сите патишта водат кон Будимпешта, со владин авион кај шефот и на море, велат од СДСМ
Главна дестинација на владинот авион е релацијата Скопје-Будимпешта. Дури седум пати летале до шефот, во главниот град на Унгарија, според информациите за летањето на владиниот авион кои ги објавија медиумите, велат од СДСМ.
„Сите во Будимпешта, со владин авион, на консултации и по работни задачи кај шефот.
Наместо да лежи во Идризово, ВМРО му подготвува враќање на Никола Груевски.
Затоа и беа тргнати потпретседателите.
Нема повеќе потпретседатели, нема внатрешна конкуренцијам се расчистува патот за единствениот претседател на ВМРО, Груевски.
Мицкоски е само чувар на фотелјата.
Мора да се обезбеди безбеден терен за враќање на газдата“.
Според опозиционата партија, Мицкоски, Николовски, Силјановска најмногу го користеле владинот авион.
„Толку многу се шета, Мицкоски дури и на Јадран оди со владин авион на капење.
Затоа мора да се купува нов авион, да се даваат милиони евра народни пари“, прашуваат од СДСМ.
Македонија
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните: Во Собранието се одржа јавна расправа
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните
Во Собранието се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема: ,,Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор”.
Настанот го отвори координаторката на Клубот на младински прашања и политики, Драгана Бојковска, која истакна дека мора да се биде во тек со современите држави кои ги користат ВИ алатките, и во тој контекст информира дека во работата на Собранието е вклучена вештачката интелигенција.
Советникот во ДЗР, Сашо Јаковчевски, кој го презентираше Извештајот, рече дека е потребна сеопфатна дигитална инфраструктура бидејќи имаме растечка база на знаење која може да се вклучи во спроведувањето на вештачката интелигенција во јавниот сектор.
Според државниот ревизор Максим Ацевски, институцијата е лидер по примената на дигитализацијата бидејќи посетеноста на веб-страницата за кусо време пораснала за 6,34 проценти.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посочи дека Министерството веќе има проекти со кој се очекува да се спроведе вештачката интелигенција во јавниот сектор, која треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните.
Учесниците во јавната расправа посочија дека без правна регулатива може да направи повеќе штета отколку корист. Затоа е потребна национална стратегија, заштита на личните податоци, институционален капацитет и правна заштита.

