Македонија
Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2009“
Осмиот по ред Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2009“ вечерва ќе биде свечено отворен на сцената на античкиот амфитеатар во Стоби
Осмиот по ред Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2009“ вечерва ќе биде свечено отворен на сцената на античкиот амфитеатар во Стоби.
Фестивалот ќе го отвори претставата „Александар“ на Драмскиот театар од Скопје, по текст и режија на Љубиша Георгиевски.
Според најавите, во текот на десетте фестивалски дена ќе настапат пет театри од кои три од Македонија и по еден од Грција и од Ерменија.
„Стоби 2009“ ќе го затвори претставата „Тапани во ноќта“ на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“.
Фестивалот ќе ги додели традиционалните награди за најдобра машка и женска улога, режија и претстава, за што ќе одлучува жирито составено од актерите Диме Илиев и Ѕвезда Ангеловска и режисерката и драматург Маја Стевановиќ.
Покровител на фестивалот е Министерството за култура на Република Македонија, кое што го поддржа со 700 милиони денари, еден милион денари обезбеди Општина Велес, а Организацискиот одбор обезбеди половина милион денари со спонзорства./крај/алфа/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

