Македонија
Тачи може да бара албанско вето во НАТО за Македонија
Претседателот на ДПА Мендух Тачи размислувал да побара Албанија да стави вето на членството на Македонија во НАТО
Претседателот на ДПА Мендух Тачи размислувал да побара Албанија да стави вето на членството на Македонија во НАТО, на минатонеделната средба со премиерот Сали Бериша
„Мислам следниот пат да го побарам тоа”, рече Тачи на денешната прес конференција, јави дописникот на Макфакс.
Што се однесува до бојкотот на Собранието, ДПА тоа го најави за следната недела, за што во тек се техничките процедури.
„Оваа одлука на ДПА не е опструкција, туку превенција. Правиме превенција на лошите работи кои можат да се случат”, рече лидерот на партијата.
Според него, ДПА и натаму ќе дејствува „рационално, демократски, како и до сега”.
Во однос на препораките на амбасадорите Рикер и Фуере за не излегување од Парламентот, Тачи вели „Имам разбирање за таквите апели, но мислам дека нивните пораки не се сфаќаат сериозно од страна на Владата. Ние сме сериозна партија, сериозна опозиција. Тие кои прават виртуелни опозиции, виртуелни дијалози, виртуелна демократија, се одговорни, а тие се на чело на Владата на Република Македонија.”
Тачи ја повика владеачката ДУИ да ја напушти Владата и „да се приклучи кон нашиот Договор. Политички ќе бидат растурени ако продолжат да одат со оваа Влада”.
Во однос на одбележувањето на осум годишнината од Рамковниот договор, Тачи со став дека тоа „може да личи само на погреб. Тој договор не функционира”.
Тачи најави посети на Косово и на Бугарија.
„Ќе се потрудам овие одења да ги ставам во функција на економското и политичко консолидирање на земјава. Мислам дека Македонија е пред катастрофално финале, од економски и меѓуетнички аспект, запирање на интеграциските процеси. Мораме соседите да ги добиеме како пријатели. Мораме да правиме компромис. Сериозните политичари прават компромис”, рече на денешната прес конференција лидерот на ДПА Мендух Тачи./крај/сс/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.