Македонија
Регата Пампур – Бродовите ја минаа целта
Три од шеснаесетте брода до попладнево пристигнаа на целта на првиот натпреварувачки ден од Регатата Пампур, јави репортерот на Макфакс.
Три од шеснаесетте брода до попладнево пристигнаа на целта на првиот натпреварувачки ден од Регатата Пампур, јави репортерот на Макфакс.
Бродот на Т-мобајл ја мина целта близу Милна на Брач во 16:20 минути. Екипата на струмичани „Жеже пече“, ја мина целта во 16:40 часот, а Славе Герасимовски со „Шар планинци“ во 16:46.
Првиот натпреварувачки ден од Октомвриската Регата ПАМПУР, целосно составена од македонски екипаж започна денеска во 12.30 часот.
Во регатата на Јадранското море учествуваат 16 брода.
Стартот на трката беше поместен кон Палмижана, поради слабиот ветер близу Вис. Во првите неколку минути од регатата, поведе екипажот на „Жеже – Пече” од Струмица, а веднаш по нив екипажот на „Шарпланинци” со скиперот Славе Герасимовски од Скопје.
Првата обртна точка беше островот Стампедар, од каде што се плови кон Милна, Брач. Должината на оваа траса е 25 наутички милји. /крај/мг/
Финишира денешната трка на Октомвриската Пампур регата
Сите учесници на регатата успешно ја завртеа првата точка
Започна првиот натпреварувачки ден од ПАМПУР регатата
Фотогалерија: Старт на регатата ПАМПУР
Фотогалерија: Завртена првата точка на регатата ПАМПУР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од неколку скопски општини
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека денеска поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Од 10:30 до 14:30 часот, дел корисниците од с.Горно Нерези (Карпош);
· Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците Ул. Чаирска од бр. 40 до бр. 90, ул Цветан Димов од бр. 4 до бр. 20 (општина Чаир);
· Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците дел од потрошувачите околу манастир св.Илија – Чардак и Етновила Весница (општина Чучер Сандево);
· Од 07:30 до 16:00 часот, корисниците ПВ Метало Солар, Фабрика ИЦЕМАК, Дел од ул.1, над маркет Давидов, до кружен тек (општина Аеродром).
Македонија
Прекинато водоснабдување за дел од улицата Максим Горки
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради дефект на улична цевка од ф 200мм на ул. Максим Горки бр 13, без вода ќе останат корисниците на дел од ул. Максим Горки.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево време
Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Следува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Во петок и сабота по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.