Македонија
Разрешен Блаже Ристoвски и тимот за Енциклопедијата
Разрешени се главниот редактор на Првата Македонска Енциклопедија, академик Блаже Ристoвски и целиот негов тим.
Разрешени се главниот редактор на Првата Македонска Енциклопедија, академик Блаже Ристoвски и целиот негов тим.
Оваа одлука ја донесе Претседателството на Македонската Академија на Науките и Уметностите (МАНУ) на седницата одржана денеска.
МАНУ информираше дека новиот тим што ќе ги изврши корекциите во одредниците на Енциклопедијата, кои што се неприфатливи од научен и поширок општествен аспект, ќе се формира најдоцна за еден месец, јави А1.
Ристовски и неговите соработници од Главната редакција се задолжени и да ги депонираат во Архивот на МАНУ сите материјали за проектот Македонската енциклопедија.
„Во пишувањето на новите текстови треба да бидат вклучени компетентни автори, стручни за предметот на секоја од одредниците, вклучително и истакнати научни работници од немнозинските етнички заедници на Република Македонија“, стои во заклучоците на Претседателството, пренесува телевизијата.
Одредени одредници во Енциклопедијата, која што беше објавена пред неколку седмици, кренаа голема прашина во јавноста. Најжестоко реагираа претставниците на политичките партии и на невладините организации на Албанците во Македонија, кој побараа Енциклопедијата целосно да биде повлечена./крај/а1/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

