Македонија
Собранието против интерпелацијата за Јанкуловска

Македонското собрание доцна вечерва ја отфрли интерпелацијата за работата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Македонското собрание доцна вечерва ја отфрли интерпелацијата за работата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.Против интерпелацијата, поднесена од опозициониот СДСМ, заради трагичната несреќа во Охридското езеро, гласаа 69 пратеници, а за беа 16.Собранието во среда ќе расправа за интерпелацијата на министерот за транспорт и врска Миле Јанакиевски, поднесена од СДСМ поради бродската несреќа во Охридското езеро, во која загинаа 15 бугарски туристи.СДСМ во образложението на поднесената интерпелација за Јанкуловска посочи дека главна причина е отсуството на совест и непостоењето на чувство за одговорност за трагедијата во Охридското Езеро од почетокот на септември годинава.Собранието на расправата за интерпелација на Јанкуловска се претвори во арена за политичка пресметка меѓу власта и опозицијата./крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
До сабота натпросечни температури над 40 степени, од недела дожд

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец, информира УХРМ.
Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степена.
До сабота (26.7) ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност.
Дневната температура наместа ќе надминува 40 степени и насекаде ќе биде над просекот за јули. В недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Дневната температура ќе биде во опаѓање.

Извор: УХРМ
Македонија
(Фото) Герасимовски: Нов уметнички мурал на „Бушава азбука“ во Дебар Маало, Центар како светските метрополи

Во срцето на Дебар Маало, центарци добија нов уметнички мурал посветен на легендарната детска емисија „Бушава азбука“, создаден по повод 40 години од првото емитување на овој едукативен серијал.
Автори на муралот се уметниците Драган Китановски Драш и Мирослав Грчев Микс, двајца истакнати креативци кои зад себе имаат децении визуелна и културна работа.
Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека муралот е дел од континуираната заложба на општината да го разубавува јавниот простор преку уметност, како што тоа го прават многу светски метрополи.
„Проектот е поддржан од Општина Центар, како дел од програмата за развој културата. Муралот е избран преку јавен повик, со што уште еднаш покажуваме дека транспарентно го поддржуваме домашниот уметнички потенцијал. Муралот нѐ потсетува на детството, на знаењето, на љубопитноста”, вели Герасимовски.
Свеченото отворање на муралот ќе се одржи на 31 август, кога симболично започнува и одбележувањето на четири децении Бушава азбука, проект кој остави трајна вредност во македонската култура.
Македонија
Бронзен медал за македонскиот тим на Европската олимпијада во информатика

Македонските ученички – информатичарки трета година по ред се оние коишто го успешно ја претставуваат Македонија на меѓународните олимпијади по информатика. На петтата по ред Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2025), која од 14-ти до 20-ти јули се одржува во Бон, Германија, нашите ученички остварија уште еден одличен резултат, освојувајќи еден бронзен медал.
Бронзениот медал за Македонија на ова значајно меѓународно натпреварување го освои Сара Стефановска од Крива Паланка, а достоен резултат постигна и Антонела Владева од Свети Николе, освојувајќи олимписка пофалница. И останатите две членки на македонскиот тим, Елена Трифуноска од Тетово и Јагода Панова од Струмица, имаа солидно претставување. Вклучувајќи го и овој бронзен медал, македонските ученички на досегашните пет изданија на ЕОИД имаат освоено вкупно 1 сребрен и 7 бронзени медали.
Тимот е предводен од Миле Јованов и Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), факултет кој со своите ресурси редовно ги поддржува активностите на Здружението на информатичарите на Македонија и организацијата на натпреварите по информатика. Оваа година се одржа 36-тиот циклус натпревари преку кој беа избрани и учесничките за оваа олимпијада. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи.
Европската олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД) е натпревар во програмирање, наменет само за ученички – средношколки од државите во Европа, кои се заинтересирани за изучување на компјутерските науки. Целта на ЕОИД е да го поттикне учеството и присуството на девојките во областа на информатиката, овозможувајќи простор каде што талентираните ученички можат да ги демонстрираат своите способности и да се натпреваруваат на меѓународна сцена. Оваа олимпијада има значајна улога во мотивирањето на повеќе девојки да се одлучат за кариера во компјутерските науки и слични области, каде што жените сè уште се малку застапени. Преку создавање на средина што нуди поддршка и предизвик, ЕОИД настојува да ги инспирира и охрабри младите жени да напредуваат и да се истакнат во полето на информатиката.
Форматот на натпреварувањето на ЕОИД е налик на веќе востановените меѓународни олимпијади, како што е Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ). Како и на ИОИ, натпреварувачките треба во ограничен временски рок да решат серија алгоритамски и проблемски задачи. Централниот дел од натпреварот се одвива во текот на два натпреварувачки дена, за време на кои ученичките се соочуваат со комплексни задачи што бараат осмислување и примена на ефикасни алгоритми. Овој натпревар не само што ги развива техничките способности, туку и го поттикнува тимскиот дух, аналитичкото размислување и креативниот пристап.
Секоја земја – членка на ЕОИД заедницата има право да учествува со свој тим составен од најмногу четири натпреварувачки под 20-годишна возраст, избрани преку националните натпревари во програмирање, како и лидер и заменик лидер на тимот. На ЕОИД 2025 учествуваат вкупно 138 учеснички од 38 европски држави, додека во неофицијална конкуренција учествуваат и 85 ученички од 22 држави надвор од Европа (меѓу кои Австралија, Канада, Египет, Индија, САД, Саудиска Арабија и др.). Со оглед на силната конкуренција, освоениот бронзен медал претставува значајно постигнување и потврда за успехот на македонскиот тим, достоен за почит.
Следната, шеста по ред, Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2026) ќе се одржи идната година, во Италија. Следен настан пак, кој им претстои на македонските ученици – информатичари, е централниот натпревар, односно Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ) во Сукре, Боливија, која ќе се одржи од 27-ми јули до 3-ти август.