Македонија
Германија обезбеди околу 100 милиони евра за проекти во Македонија
Неколку протоколи за техничка соработка, со кои Германија обезбедува околу 100 милиони евра за реализација на повеќе проекти во Македонија
Неколку протоколи за техничка соработка, со кои Германија обезбедува околу 100 милиони евра за реализација на повеќе проекти во Македонија, беа потпишани денеска во Скопје.Договорите за соработка во областите на водоснабдување, одржливи економски развој и енергетска ефикасност и обновлива енергија ги потпишаа македонскиот министер за финансии Зоран Ставрески и германската амбасадорка во Македонија Урлике Кноц.Преку Протоколот за техничка соработка, Германија обезбеди поволен заем до 60 милиони евра за обновливи извори на енергија, пред се за изградба на хидроцентрали и ветерни паркови, како и 30 милиони евра за подобрување на водоснабдување и канализација.Покрај ова, германската влада и доделува заем на македонската влада од 8.635.000 евра за проектот „Водовод и канализација на општините фаза1“ и донација од 1,5 милиони евра за реализација на придружните мерки кои ќе се одвиваат преку техничка помош.Овој проект има за цел да обезбеди одржливо снабдување со вода за пиење по прифатливи социјални трошоци за општините Битола, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кочани, Неготино, Радовиш и Тетово.Средствата ќе се пласираат во наредните неколку години, во зависност од динамиката на проектите, под годишна камата од 2%, 30 години рок на плаќање и 10 години грејс период.Министерот Ставрески изрази благодарност до германскиот народ за континуираната поддршка, нагласувајќи дека денешниот настан е потврда дека Германија останува еден од најголемите поддржувачи на Македонија, на економски и на политички план.Германската амбасадорка Кноц истакна дека евроинтегративниот процес на Македонија е лајтмотив за Германија да продолжи со поддршката. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Бутел започна изградба на 40 пешачки и пристапни патеки во Скопје Север
Општина Бутел денеска (23 февруари 2026) започна активности за изградба на 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради во населбата Скопје Север.
Градежните работи опфаќаат реконструкција на пристапните влезови до станбените објекти на улиците „Боро Менков“, „Лазо Москов“, „Гоце Стојчевски“ и „Костурска“.
Од општината информираат дека новите пешачки патеки ќе го олеснат движењето на граѓаните и ќе придонесат за спречување на поплавување на влезовите на зградите.
Реализацијата на проектот, како што наведуваат, претставува исполнување на предизборните ветувања на градоначалникот за еднаков и рамномерен развој на сите населени места во општината.
Македонија
Ангелов на работен состанок во Министерството за правда за измени на Законот за здруженија и фондации
На барање на директорот Стојанче Ангелов на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), денеска беше одржан работен состанок во Министерство за правда, посветен на најавените измени на Законот за здруженија и фондации, што директно ги засегаат доброволните противпожарни друштва во Македонија.
На состанокот беа разгледани можните правни импликации од предложените измени, со посебен акцент на правниот статус и функционирањето на доброволните противпожарни друштва (ДПД), нивната улога во системот за заштита и спасување и на потребата од усогласување на законската рамка со реалните теренски потреби и со европските практики.
Притоа, Ангелов, заедно со тим од ДЗС и од претставници на ДПД, ја истакна важноста од заштита, унапредување и институционално препознавање на доброволниот сектор, како клучен партнер во справувањето со кризи, пожари и природни непогоди. Соработката помеѓу институциите и доброволниот сектор е еден од темелите за ефикасен и функционален систем за заштита и спасување во Македонија.
Македонија
Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово
Во неколку училишта во Скопје и во Тетово денеска биле примени дојави за поставени експлозивни направи, но по извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажни пријави.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по добивањето на пријавите биле преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници.
„Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопштија од МВР.
Во Тетово дојавите ги опфатиле средните училишта СОУ „Никола Штејн“, СОУ Гимназија „7 Март“, СОУ Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ и СОУ „8 Септември“.
Кај основните училишта биле опфатени ООУ „Истикбал“, ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „Братство-Мигени“, ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Беса“ и ООУ „Прпарими“.
Надлежните институции продолжуваат со преземање мерки за расчистување на случајот.

