Македонија
Македонија заслужува јасна временска рамка за влез во ЕУ
Праведно би било Европската унија да определи разумна временска рамка за почетокот и текот на претпристапните преговори за Македонија
Праведно би било Европската унија да определи разумна временска рамка за почетокот и текот на претпристапните преговори за Македонија.
Ова во среда во Брисел го изјави европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент Зоран Талер, по објавувањето на извештајот на Европската комисија, која на Македонија и препорача започнување на преговори за полноправно членство.
Според Талер, Македонија беше прва од државите од Западен Балкан, кој уште во јули ги имаше исполнето сите услови за укинување на визите за влез во ЕУ.
Тоа е исклучително достигнување и истовремено поттик за продолжување на реформите во исполнување на пристапните критериуми за влез во ЕУ, рече Талер.
Тој изрази очекување дека сите страни ќе ја искористат можноста, што се понуди по неодамнешните избори во Грција.
„Верувам дека солунската агенда, што во 2003 година ја диригираше тогашниот и сегашниот грчки премиер Јоргос Папандреу, ќе добие нов поттик“, рече Талер и го поздрави говорот на претседателот на македонската влада Никола Груевски, дадена на државниот празник 11 октомври дека заедно со премиерот на Грција имаа должност да бараат решение за проблемите меѓу двете земји со името.
Значајно е влезот во ЕУ да остане главен приоритет и национална цел на Македонија, кој и натаму мора да ги поттикнува реформските процеси во јавната администрација, судството и другите клучни потсистеми на општеството, нагласи известувачот за Македонија во Европскиот парламент Зоран Талер./крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

