Македонија
Европскиот парламент за визната либерализација

Европскиот парламент во среда на пленарна седница треба да го разгледа извештајот за укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора. Извештајот за визната либерализација го подготви словенечката пратеничка во Европскиот парламент Тања Фајон.
Европскиот парламент во среда на пленарна седница треба да го разгледа извештајот за укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора.Извештајот за визната либерализација го подготви словенечката пратеничка во Европскиот парламент Тања Фајон.Во нејзиниот извештај е додаден неодамнешниот предлог на Словенија, укинувањето на визите за патување на граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора во земјите од шенгенската зона, да стапи во сила на 19 декември годинава , а не на први јануари 2010 како што е планирано.Одлуката за укинувањето на визите се очекува да биде донесена на Советот на министрите за внатрешни работи и правда на ЕУ, што е закажан за 30 ноември и 1 декември./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

„Свесни за предизвиците кои не очекуваат во Градот Скопје, имаме план и визија како да ги решиме проблемите кои се наталожуваа изминатиов период, и да го промениме начинот на функционирање на градот – кон подобро. Граѓаните се наша водилка и мотивација да работиме повеќе и подобро. За таа цел, ВМРО-ДПМНЕ кандидира чесни, образовани и успешни луѓе во својот домен, за советници во Советот на Град Скопје“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје
1. Даме Димитровски
2. Луке Галески
3. Жаклина Шопова
4. Мартин Стојановски
5. Дејан Шишковски
6. Весна Маркоска
7. Сашо Кукески
8. Василка Китановиќ
9. Анета Марковска – Илиевска
10. Мирдита Салиу
11. Александар Николовски
12. Славчо Мисајлески
13. Весна Стоименовска Атанасов
14. Ибраим Сулејман
15. Магдалена Забазновска
16. Мунира Куч
17. Филип Јаневски
18. Борис Шамбевски
19. Никола Стојковски
20. Доце Павлова
21. Валентин Манасиевски
22. Тони Бојковски
23. Даниела Костадинова
24. Љупчо Настоски
25. Љупчо Ристески
26. Даниела Ристовска
27. Никола Груев
28. Емил Алиев
29. Елизабета Стефковска
30. Христина Јовановска
31. Пане Антовски
32. Анита Трајковска
33. Митко Сланинкоски
34. Мартин Талески
35. Кристина Бундовска
36. Димитар Николовски
37. Луна Стефановска
38. Христијан Перчинковски
39. Мато Гласновиќ
40. Милка Чолакова
41. Слаѓана Бошковска
42. Филип Наумовски
43. Никита Шукутковски
44. Марко Костов
45. Мартина Анастасовска
Македонија
(Видео) Филипче: Одговорност и оставки од министрите за здравство и за внатрешни работи

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање повика на итна одговорност и оставки од министерот за здравство и министерот за внатрешни работи, поради, како што рече, несоодветното справување со пожарот во депонијата во Трубарево и загрозувањето на здравјето на граѓаните.
„Треба да си поднесе оставка министерот за здравство. Ги излажа граѓаните дека воздухот не е загаден – и како го докажаа тоа? Треба одговорност и оставка да поднесе министерот за внатрешни работи. Најави дека треба да се евакуираат луѓето, а понатаму владиниот портпарол рече дека никој не се јави во Центарот за згрижување, кој што го ослободиле тука во непосредна близина. Значи, немало соодветна евакуација, иако најавиле дека треба да ја има“, изјави Филипче.
Тој нагласи дека е неопходна детална анализа на сите институции и депонии кои што функционираат во државата, со цел да се превенира евентуална следна еколошка или здравствена криза.
„Имаат ли сите депонии лиценци? Сите ли се на доволна оддалеченост од населените места? Работи ли некој нелегално со отпад? Од каде се увезува отпад во земјава? Конечно, да знаеме што точно се случува во тој сектор“, праша Филипче, додавајќи дека Владата не презела ништо конкретно по овие прашања.
Воедно, тој посочи дека е потребна темелна анализа и на работата на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за кои тврди дека не ги исполниле ветувањата дадени пред четири години.
„Зборуваа за расчистување на депониите и изградба на паркови на тие места. Ајде да видиме до каде се со таа работа. Дали воопшто почнале да реализираат дел од тие ветувања? Еве завршува мандатот на нивните градоначалници. Сè што ветија е полошо, и сега гледаме трагични ситуации кои сериозно го загрозуваат здравјето на граѓаните“, додаде претседателот на СДСМ.
Македонија
(Видео) Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, состојбата во Дрисла е драстично подобрена

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површина е затрупана со песок и земја. Утрово покажуваше на неколку места слабо чадење, но веднаш беше дејствувано со специјална пена и дозатрупување со земја и со песок по потреба, извести Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
Како што извести Ангелов, на местото се останати дежурни екипи на Скопската бригада за противпожарната заштита и доколку се утврди било какво чадење тие ќе дејствуваат со специјална пена и со дозатрупување.
Во однос на депонијата Дрисла, Ангелов вели дека состојбата е драстично подобрена и дека останува уште еден сосема мал дел да биде затрупан.
„Очекувам попладнево да биде целосно затрупано местото коешто чадеше овие денови“, додаде тој.