Македонија
Хуманитарна акција „Донирај за еднаков свет“
Здружението на дефектолози и стручни соработници „Подај рака„ во соработка со здружението на граѓани „Млади за млади“ организира хуманитарна акција за собирање на средства за обнова на делови од посебното основно училиште (П.О.У.) „Др. Златан Сремец“.
Во просториите на П.О.У. „Др. Златан Сремец“ во општина Кисела Вода денес беше промовирана хуманитарната акција организирана од Здружението на дефектолози и стручни соработници „Подај рака“ и Здружението на граѓани „Млади за млади“. Хуманитарната акција е се организира со цел да се соберат средства за реновирање на делови од училиштето за деца со посебни потреби.Потребна е фискултурна сала, пристапна рампа за децата со физички пречки во развојот, лифт, а и за поправка на фасадата на училиштето, плочките, подот на училиштето, ламинат во училниците, нов мебел и доопремување на канцеларијата. Сите заинтересирани фирми, компании и граѓани кои сакаат да помогнат во хуманитарната акција ќе можат да донираат средства на жиро сметката 210-0580636401-90 во Тутунска банка.На 23 декември од училиштето најавија дека ќе организираат хуманитарна забава со цел да се комплетира хуманитарната кампања. „Самата градба на училиштето е многу стара, постои над 70 години од изградбата до денешен ден променети се многу работи во него но не доволно. До сега променета е вкупната инсталација, набавени се технички средства, променети беа прозорците.“ изјави директорката на училиштето Мери Стојкова.Посебното основно училиште „Др. Златен Сремец“ е изградено во далечната 1933 година, а во него учат околу 200 ученици од речиси сите општини во Скопје.Во училиштето се вработени 31 наставник, 18 во одделенска настава, 11 во предметна и 2 наставника во продолжен дневен престој./крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

