Македонија
946 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 33 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-426, Куманово-36, Дебар-2, Штип-22, Прилеп-56, Тетово-46, Струга-24, Велес-30, Битола-61, Охрид-31, Кавадарци-24, Гостивар-46, Гевгелија-12, Струмица-15, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Крушево-4, Кочани-3, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-24, Валандово-2, Виница-1, Делчево-11, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-13, Ресен-15, Неготино-20.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 789 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-295, Куманово-46, Штип-46, Прилеп-56, Тетово-38, Струга-15, Велес-26, Битола-28, Охрид-60, Кавадарци-12, Гостивар-31, Гевгелија-10, Струмица-22, Крива Паланка-10, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-1, Демир Хисар-4, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-4, Виница-3, Кратово-7, Свети Николе-11, Кичево-19, Ресен-9 и Неготино-9.
Починати се 33 лица – девет пациенти од Скопје (62, 62, 63, 67, 79, 66, 74, 81 и 68), еден од Куманово (70), еден од Штип (89), шест пациенти од Прилеп (43, 78, 70, 82, 60 и 85), еден од Тетово (72), четири од Струга (60, 71, 65 и 79), еден од Велес (71), еден од Битола (55), еден од Гостивар (76), еден од Гевгелија (53), еден од Струмица (73), еден од Крива Паланка (62), еден од Пробиштип (70), двајца од Берово (88 и 63), еден од Кратово (71) и еден пациент од Кичево (67). Од нив едно лице е починато вон, а другите во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 63.890, бројката на оздравени пациенти е 40.977, на починати е 1.825, а бројот на активни случаи изнесува 21.088. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 27.890, активни 10.273
• Куманово 3.841, активни 884
• Дебар 467, активни 102
• Штип 2.739, активни 510
• Прилеп 3.147, активни 1.002
• Тетово 3.905, активни 917
• Струга 1.507, активни 445
• Велес 2.058, активни 681
• Битола 2.173, активни 914
• Охрид 1.669, активни 575
• Кавадарци 1.316, активни 503
• Гостивар 2.645, активни 936
• Гевгелија 766, активни 233 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 135 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.756, активни 556
• Крива Паланка 449, активни 130
• Радовиш 444, активни 116
• Крушево 136, активни 73
• Кочани 1.252, активни 227
• Пробиштип 368, активни 88
• Демир Хисар 203, активни 74
• Македонски Брод 175, активни 50
• Пехчево 102, активни 21
• Берово 391, активни 105
• Валандово 223, активни 64
• Виница 379, активни 146
• Делчево 473, активни 213 (141 лице од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 156, активни 44
• Свети Николе 853, активни 224
• Кичево 1.300, активни 465
• Ресен 479, активни 190
• Неготино 628, активни 327 (89 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.564 теста се преку: ИЈЗ – 395, ЦЈЗ Скопје – 54, „Авицена“ – 368, „Биотек“ – 204, МАНУ – 245, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 171, „Систина“ со PCR-метода – 187, лабораторија „Лаор“ – 58, Судска медицина – 12, ЦЈЗ Битола – 40, Инфективна клиника – 2, ГАК – 3, „Синлаб“ – 67, „Ремедика“ – 18, лабораторија во болницата во Козле – 21, ЈЗУ (рапид-тест) – 718, УК Пулмологија со алергологија – 1, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 337.862 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Градоначалникот Георгиевски на увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Текија, општина Илинден
Увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден. Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време, соопшти општина Илинден.
Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови.
Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места, се наведува во соопштението.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.