Македонија
Трета жртва од новиот грип во Македонија

Триесет и четири годишен маж е третата жртва на новиот вирус од типот на грип A(H1N1), соопштија во сабота здравствените власти. Починатиот добил бронкопневмонија, а компликацијата го зафатила и срцевиот мускул.Пациентот бил хоспитализиран 60 часа, а последните 20 часа биле критични.
Триесет и четири годишен маж е третата жртва на новиот вирус од типот на грип A(H1N1), соопштија во сабота здравствените власти Директорот на клиниката за инфективни болести, др. Звонко Миленковиќ на средбата со новинарите рече дека починатиот пациент бил хоспитализиран 60 часа и оти последните 20 часа биле критични. Починатиот имал бронкопневмонија и компликацијата го зафатила и срцевиот мускул.Здравствените власти соопштија и дека во моментов шест лица се во тешка состојба, од кои двајца се во критична, приклучени на респиратори. Околу 200 пациенти се хоспитализирани од новиот грип низ целата држава, а вкупно се регистрирани околу 2.600 лица се регистрирани како заболени од сите видови грип, велат од Министерство за здравство.Министерот за здравство Бујар Османи порача дека нема простор за паника во однос на состојбата од новиот грип, но истакна дека болеста треба да се сфати и да и’ се пристапи сериозно и ја повтори потребата од вакцинација.Министерот Османи најави и судска постапка фармацевтската компанија Кемофарм, заради настанатиот проблем со ненавременото доставување на вакцините./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Петар Јанков, кандидат за градоначалник на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес се заблагодари за огромната поддршка која што ВМРО-ДПМНЕ ја добива од граѓаните во Струмица.
„Секојдневно сме меѓу вас, разговараме, добиваме огромна поддршка, благодарност за поддршката“, вели Јанков.
Јанков ги повика граѓаните на 19 октомври масовно да излезат, да го заокружат бројот 9, се со цел огромна победа во Струмица.
„Ве повикувам на 19 октомври масовно да излезете, да го заокружите бројот 9 и да извојуваме една голема победа во Струмица“, истакна Јанков.
Македонија
Николоски: Струмица ќе ја поврземе со два експресни пата, едниот до Скопје и вториот од Коридорот 10 преку Струмица до Коридорот Струма во Бугарија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски oд Струмица се осврна на двете најголеми инфраструктурни инвестиции, од кои едната е изградба на експресен пат, а другата е поврзувања на двата паневропски коридори. Тој исто така кажа дека по изборот на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, Петар Јанков, општина Струмица ќе добие специјален финансиски пакет, дополнително од она што Владата го префрла во повиците за поддршка на локалните самоуправи. Според него, промените допрва доаѓаат во Струмица.
,,Денеска сме со активности во посета на општина Струмица. Веќе сме во финалето на изборната кампања, остануваат уште два дена. Се обидовме на искомуницираме со што повеќе луѓе, да допреме до што повеќе домови, да ја презентираме нашата програма и нашата визија која што значи економски препород на економијата, но исто така и бројни бројни инвестиции, кои што за жал не можеа да с реализираат во изминатиов период“, вели Николоски.
Николоски ги спомена двете најголеми инфраструктурни инвестиции, од кои едната е изградба на експресен пат, со што ќе се овозможи поврзување на општина Струмица со главниот град во земјава, додека втората е поврзување на двата паневропски коридори.
,,Тука се секако двете најкрупни инфраструктурни инвестиции, првата е изградба на експресен пат, кој што треба да оди од Радовиш до Струмица, како Струмица целосно би била поврзана со главниот град Скопје, или со експресен пат или со автопат. Втората е поврзување на двата паневропски коридори, Коридорот 10 во Македонија и Коридорот Струма во Бугарија, преку изградба на експресен пат кој што ќе оди од Смоквица, под Валандовско брдо, ќе излегува кај Кутлеш обиколница на Струмица, Ново Село на граница со Бугарија“, рече Николоски и додаде:
,,А, од другата страна, треба Бугарија да го заврши делот кој што оди од граница преку Петрич до поврзување со автопатот што ќе значи спој на двата автопати и едно огромна можност за целиот регион, имајќи предвид дека голем дел од транспортот е се насочи токму преку овој спој на двата коридори“.
Николоски се осврна и на општинските проекти, за кои кажа дека соработката помеѓу централната и локалната власт ќе биде на највисоко ниво, а и најави специјален финансиски пакет за проекти во општина Струмица, кое како што вели тој, ќе биде дополнително од редовните средства кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги префрла во повиците минатата и оваа година.
,,Тука се секако и општинските проекти, промените во државата што се случија минатата година. Во Струмица треба да се случат оваа година, после 1 година и 3 месеци да има конечно промени и во Струмица, и да конечно ВМРО-ДПМНЕ добие шанса да ја води општината и да го води Советот како би можеле да покажеме што можеме и како можеме. Соработката помеѓу централната и локалната власт ќе биде на највисоко ниво, и сакам еве да најавам, денес од тука од Струмица, дека спремаме специјален финансиски пакет за проекти во општина Струмица, кое што ќе е дополнително или екстра од она што се редовни средства, кои што Владата ги префрла во повиците кои што се случија минатата и оваа година. Така што, сите спремни, готови проекти, кои градоначалникот по изборот ќе може да ги понуди, ние сме спремни да ги финансираме, затоа што веќе имаме специјален пакет“, заклучи Николоски.
Македонија
Пет роденденски желби на кучето

Јавното претпријатие „Лајка“ го прославува петтиот роденден со повик за хуманост, одговорно сопствеништво и почит кон секое живо суштество.
Во пораката по повод јубилејот од „Лајка“ велат дека за изминатите години ја трансформирале институцијата во пример за хуман, транспарентен и посветен систем, но дека вистинско решение за проблемот со бездомните кучиња може да се постигне само со строго законско регулирање на одговорното сопствеништво.
Во чест на роденденот „Лајка“ ги сподели и петте роденденски желби на кучето – секое куче да има свој дом, да нема гладни и заборавени животни, да се почитува вредноста на секој живот, општеството да решава, а не да убива, и да се верува во добрината.
Од претпријатието најавуваат роденденска дружба во бистро „Собрание“ со слоганот „Не ни требаат подароци, ни требаат луѓе. Луѓе што ќе вдомат, ќе дојдат, ќе прегрнат, ќе го почувствуваат пулсот на хуманоста што ја градиме заедно“. Додаваат дека секое куче заслужува шанса, а општеството треба само да биде човечно.