Македонија
Ставрески очекува дополнително намалување на каматите
Министерството за финансии ја поздрави одлуката на Централната банка за олабавување на монетарната политика и изрази очекување дека наскоро ќе се создадат услови за дополнително намалување на каматите.„Добро е што Централната банка се реши да повлече чекор во насока на намалување на каматните
Министерството за финансии ја поздрави одлуката на Централната банка за олабавување на монетарната политика и изрази очекување дека наскоро ќе се создадат услови за дополнително намалување на каматите.
„Добро е што Централната банка се реши да повлече чекор во насока на намалување на каматните стапки и олабавување на останатите услови“, изјави министерот за финансии Зоран Ставревски.
Според него подобрените перспективи на македонската економија за наредната 2010 година ќе бидат добра можност и мотив за Народната банка набрзо да излезе со дополнително и похрабро намалување на каматната стапка.
„Ние како влада, со својата фискална политика ќе придонесеме да се обезбеди макроекономска стабилност и да продолжи трендот на пораст на девизните резерви“, рече Ставревски.
„Сето тоа заедно во една координација меѓу монетарната и фискалната политика, верувам дека ќе овозможи намалување на каматите и повисок раст на кредитите“, додаде Ставревски.
Народната банка на Македонија в понеделникот ја намали референтната каматна стапка за 0,5 отсто и ја укина задолжителната резерва која банките мораат да ја имаат во случај да го надминат дозволениот лимит за кредитирање. /крај/сп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

