Македонија
Панихида за жртвите од грчкиот геноцид врз Македонците
Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија во недела во Соборниот храм во Скопје ќе организира Панихида со молитва за жртвите од грчкиот геноцид…
Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија во недела во Соборниот храм во Скопје ќе организира Панихида со молитва за жртвите од грчкиот геноцид врз македонскиот народ. Панихидата е за македонските жртви од Балканските војни 1912-1913 година и Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година и спомен за фрлањето на првите напалм бомби од Британците врз Македонците на Грамос и Вичо, како опомена на светот за ужасите од војните. Панихидата ќе продолжи како Светски протест против промена на државното име Македонија на кој ќе се прочита Декларација за одбрана на државното име Македонија и Апел за извинување на Велика Британија за поразот и жртвите на демократските сили, грчките антифашисти и на Македонците по Втората Светска Војна во Граѓанската Војна во Грција од 1946 до 1949 година. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

